Опасен отпад се истурал на приватна депонија во Ѓорче Петров, обвинува Арсовска

January 18, 2024
1 min read

Инспекторите за животна средина на Град Скопје по неколкудневно следење завчера, во соработка со полиција од ПС Ѓорче Петров,  спречиле екоцид на парцела во општина Ѓорче Петров, откривајќи приватна дива депонија во која се оставал опасен отпад. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на прес-конференција рече дека сторителите пред 20 сведоци биле затекнати во извршување на кривичното дело на локацијата на која дневно од 50 до 100 камиони истурале токсичен отпад и праша дали најголем клиент била Општината Ѓорче Петров.

„Од прибраните докази е констатирано дека приватната дива депонија се користела како бизнис од наведените лица кои не само што предизвикале екокатастрофа, со истурање отпад во заштитената зона на реката Лепенец, туку се осомничени и за сторен финансиски криминал. Она што е можеби најтрагично во целата ситуација е прашањето дали најголем клиент на овие лица, физички и првани, кои вршеле екоцид, е токму Општината Ѓорче Петров. Во тетратките во кои се водела нелегална книговодствена евиденција може јасно да се констатира дека покрај градежните фирми и приватни лица, од кои се наплаќало од 1.000 до 1.200 денари, најчест клиент кој депонирал опасен отпад е нотирана токму Општината. Од истата нелегална евиденција од оваа локација може да се види дека меѓу 50 и 100 тешки товарни возила/камиони на ден истурале токсичен и канцероген отпад… од документацијата затекната на лице место се гледа и дека две години ова траело на таа парцела“, информираше Арсовска

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новата сопруга на Огњен Амиџиќ го откри името на неродената ќерка: „Ќе биде тоа што таа сака“, таа откри и дека тајно се венчале со водителот

Следно

По повлекувањето израелската армија го остави во урнатини северниот дел на Газа

Latest from Blog

Проданоски го осуди палењето на знамето на Општина Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остро го осуди синоќешниот вандалски чин на симнување и палење на знамето на Општина Прилеп, оценувајќи дека станува збор за напад врз симболите, достоинството и вредностите

Шпанските спасувачи трагаат по 23 исчезнати во пожарот кој однесе 12 жртви

Пожарот сè уште се шири поради неповолните временски услови и тешките временски услови, а досега зафати околу 4.000 хектари вегетација. Во битката со огнот, учествуваат повеќе од 500 служби за итни случаи,

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева на намерно подметнување

Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои

Ребаланс на Буџетот: По 2 милиони денари за жените земјоделки и жртвите на семејно насилство

Јули 2026, Скопје – Два милиони денари дополнителни средства со предлог ребалансот се обезбедуваат за поддршка на жените коишто вршат земјоделска дејност и уште 2 милиони за финансирање национална СОС линија за
Go toTop