По повеќемесечен хаос: Албанскиот Парламент се врати во нормала

March 21, 2024
1 min read

Албанскиот парламент, конечно се врати во нормала, по хаосот што од октомври минатата година го создаваа опозицските демократи-приврзаници на Сали Бериша, на секоја пленарна седница.

Во собраниската сала присуствуваа претставници на германската и британската амбасада, како и мисијата на ОБСЕ.

По договорот меѓу Социјалистичката партија и групата на Бериша „Обнова на ДП“, на дневен ред беше формирањето на две анкетни комисии, за истражување на тендерите од областа на здравството, посебно за стерилизација и комисија за ТИМС системот, како и други прашања, меѓу кои и ратификацијата на договорот за соработка меѓу владите на Албанија и на Косово во областа на високото образование и научното истражување.

Сепак, седницата беше преполна со обвинувања за проекти кои владата ги реализира или планира да ги реализира, особено на албанското крајбрежје, на што министрите даваа одговори за придобивките од тие проекти за земјата и граѓаните.

Поради долгото задржување на говорницата и одбивање на предупредувањата истата да ја напушти, претседателката на парламентот Линдита Никола, од седницата го исклучи официјалниот лидер на ДП, Љуљзим Баша, поради „запоседнување на говорницата“.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шаховска игра со правото на вето во ЕУ

Следно

Претставниците на партијата Движење Слобода побараа Словенија да ја признае Палестина

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop