„По посетата на Бајден има подобрување на состојбата, преминот е отворен, а Израел не бомбардира“, вели Ахмед Беншемски

October 22, 2023
1 min read

реклама


Портпаролот на Хјуман Рајтс Воч, Ахмед Беншемски во емисијата „21Анализа“ ја опиша состојбата во Газа и вели дека по посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Израел има подобрување на состојбата и преминот Рафах бил отворен, а Израел се согласил да не ги бомбардира.

„Сега зборував за тоа. Има подобрување зашто граничниот премин Рафах беше затворен, се` до денес, додека не го постигнаа договорот. Напредокот е тоа што израелската влада и војска се обврзаа веќе да не го бомбардираат зашто го бомбардираа недела и пол. Ако не грешам имаше четири воздушни напади, можеби и повеќе. Тоа ги присили Египќаните да го затворат. Не може да контролирате граничен премин додека го бомбардираат воени авиони. Израелците се обврзаа веќе да не го бомбардираат и да пропуштат ограничена помош, ама само 20 шлепери, што е апсурдно ниска бројка. За тоа зборувам. Напредок е, но дали треба да аплаудираме за тоа? Секако, не. До 14 октомври, што беше пред 5 години… Пардон, пред 5 дена, а сега веројатно е и повеќе, на границата беа заглавени, подготвени да влезат во Газа, на египетската страна, медицински материјали за 300.000 пациенти на кои им беа потребни. Веројатно ни тоа не е доволно, но има толку многу помош. Буквално стотици шлепери. Има и преку 1000 тони друга хуманитарна помош, веројатно има и повеќе од тоа во моментов. Сите материјали, сите шлепери, се` уште се блокирани. А според договорот со претседателот Бајден, тие нема да смеат да влезат. Како што сфаќаме ние, можеби ситуацијата ќе се промени, но така стојат работите во моментов“, вели Беншемски.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Модерна смрт” – изложба на Петар Миљковиќ, Симона Новаковиќ и Мартин Џепароски

Следно

(ВИДЕО) Д-р Чибишев за никотинските кесички: Да се продаваат и консумираат под строга контрола

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop