По осум години, избрана новата влада на Федерацијата БиХ

April 28, 2023
1 min read

Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ назначи нова ентитетска влада откако високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, наметна измени во Уставот на ентитетот Федерација на БиХ кои треба да го олеснат формирањето на владата на Федерацијата, како и носењето кривични закони во БиХ кои треба да спречат изборни измами

Федерацијата Босна и Херцеговина, денеска, по осум години ја доби новата влада на чело со премиерот Нермин Никшиќ од Социјалдемократската партија (СДП).

Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ назначи нова ентитетска влада откако високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, наметна измени во Уставот на ентитетот Федерација на БиХ кои треба да го олеснат формирањето на владата на Федерацијата, како и носењето кривични закони во БиХ кои треба да спречат изборни измами.

Според измените кои ги наметна Шмит, за именувањето на новата влада на овој ентитет е доволна согласност на двајца од тројца членови на раководството на Федерацијата Босна и Херцеговина.

Во овој случај, претседателката на Федерацијата, Лидија Брадара, од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и Игор Стојановиќ од Социјалдемократската партија (СДП) дадоа согласност за именување на владата. Рефик Лендо, пак, од Партијата за демократска акција (СДА) не сакаше да даде согласност, сметајќи дека новата влада треба да ја вклучи СДА, која доби најмногу гласови на минатогодишните општи избори.

За именувањето на новата Влада на ФБиХ, што ја сочинуваат хрватските партии, предводени од ХДЗ БиХ, и партиите СДП, Народ и Правда и Наша странка, гласаа 51 пратеник.

Двајца пратеници гласаа против изборот на новата влада на Федерацијата Босна и Херцеговина, додека пратениците на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, и на Демократскиот фронт (ДФ), Жељко Комшиќ, ја напуштија собраниската седница пред гласањето.

Седницата на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина се одржа со големи безбедносни мерки и присуство на голем број полицајци, а пред собраниската зграда граѓани протестираа поради наметнатите одлуки на Шмит.

Владата на Федерацијата БиХ не беше потврдена по изборите во октомври 2022 година, бидејќи претседателката на овој ентитет Лидија Брадара од Хрватска демократска заедница на БиХ (ХДЗ) од редовите на хрватскиот народ немаше согласност од двајцата потпретседатели.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

51. Мајски оперски вечери од 9-31 мај: Одбележување на 210 години од раѓањето на великанот на оперската уметност, Џузепе Верди

Следно

(ВИДЕО) Барањата и наредбите за прислушување повеќе нема да патуваат по курири и затворени плика

Latest from Blog

„Тајм“ ја посвети насловната страница на Чарли Кирк

Американското списание „Тајм“ одлучи да ја посвети својата насловна страница на убиството на десничарскиот влијателен човек Чарли Кирк. „Доста. Убиството на Чарли Кирк и епидемијата на американско политичко насилство“, пишува на насловната

Крем супа од печена тиква и морков

Состојки: 400 грама тиква (излупена и исечена на коцки) 3 моркови маслиново масло 1 лажичка сенф 1 лажичка кумин ½ лажичка ким 2 лажици куркума ½ лажица мелен цимет 200 мл зеленчуков

Манасиевски: Заев, Шукова и СДС, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт

Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски: „Заев, Шукова и СДС, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт. Во

Селото Обоки како дел од македонската етнографија

Село Обоки (Katund i Vogël) е живописно село кое се наоѓа во административната единица Маќелара, во областа Поле, во западното подножје на планината Дешат. Се наоѓа на кратко растојание северно од Почести и североисточно од Маќелари. На

Интервју на Ѓорѓиевски за Нова Македонија: Нови инфраструктурни проекти кои ќе го трансформираат Скопје

Интервју со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје Врвен приоритет ќе биде пуштањето во употреба на подземниот булевар Македонија, под Лимак, и изградбата на трите кружни текови на излезот и влезот
Go toTop