По израелскиот напад изби пожар во болницата „Камал Адван“ Газа

December 18, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Директорот на болницата „Камал Адван“, Хусам Абу Сафије, денес изјави дека во одделот за интензивна нега избил пожар по израелскиот напад, јавува Анадолу.

Тој наведе дека одеднаш бил отворен оган од различни видови оружје кон одделот за интензивна нега.

„По некое чудо успеавме да ги евакуираме пациентите што беа на респиратори во одделот за интензивна нега“, рече Абу Сафије.

Тој потврди дека по нападот избувнал пожар во тој дел од болницата.

Абу Сафије рече дека персоналот на болницата се обидел да го изгасне пожарот со средствата што ги имал бидејќи веќе осум дена има недостиг на вода по нападот на израелската армија насочен кон резервоарите за вода и водоводната мрежа.

„Во моментов одделот за интензивна нега не е во функција и ситуацијата е катастрофална. Повеќе од 75 дена бараме помош од светот, но нема одговор“, нагласи Абу Сафије.

Абу Сафије изјави дека цел на израелската армија бил одделот за интензивна нега каде што се хоспитализирани 64 повредени лица и шест пациенти.

Наведувајќи дека бил погоден и покривот на болницата, Абу Сафије истакна дека е направена голема штета на генераторите за струја и мрежата за кислород.

Тој изјави дека нападите врз болницата ги загрозиле животите на пациентите и повредените.

„Живееме под бомбардирање и во страв. Оваа ситуација предизвикува голема паника, особено кај децата, жените, вработените во болницата и повредените. Минуваме низ мрачни денови“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Премиерот Мицкоски на Самит на Европската народна партија

Следно

Исплатени се 40.514.921,00 денари зa мерки 1.15 и 1.19 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството

Latest from Blog

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето
Go toTop