По иницијатива на ДКСК, ОЈО Скопје почна постапка против поранешниот организациски директор на Клиниката за токсикологија

September 25, 2024
1 min read

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска соопшти дека Основното јавно обвинителство Скопје, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифатило иницијативата, оформило предмет и отпочнало постапка по обвинителен предлог против организацискиот директор на Универзитетската клиника за токсикологија.

Согласно Обвинителниот предлог, се појаснува во соопштението, обвинетата е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата, согласно член 353 став 1 од Кривичниот законик. Директорката, во текот на мај 2024 година, во својство на Организациски директор на Клиниката, со здравствените работници потпишала договори за дело спротивно на Законот за здравствена заштита, со кои дејствија ги пречекорила своите службени овластувања и прибавила противправна имотна корист за наведените лица, а со тоа го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.

– Овој чекор претставува потврда на заложбите на ДКСК за борба против корупцијата и утврдување на одговорноста на сите лица кои се инволвирани во прекршување на законите. ДКСК ќе продолжи да го следи развојот на овој случај и јавноста ќе биде информирана за сите значајни информации.Придржувањето кон принципите на отчетност и транспарентност останува наш приоритет, а нашата цел е да се осигураме дека неправдите не поминуваат без соодветна реакција, соопштија од ДКСК.

Апелираат до сите институции и граѓани да соработуваат во откривањето и спречувањето на корупцијата, за заедно да создадеме праведна иднина.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ ги склучила штетните договорите што ги чинат граѓаните 1,3 милијарда евра во арбитражните постапки

Следно

Во Рим забранети демонстрациите за поддршка на Палестина планирани за 5 октомври

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop