По еден час пауза, продолжија пратеничките прашања во Собранието

January 30, 2025
1 min read

Собраниската седница на која на дневен ред се пратенички прашања ќе продолжи по паузата од еден час, која ја даде претседателот Африм Гаши на барање на пратеникот на ДУИ Блерим Беџети, кој побара да се достави оригинален примерок на Деловникот до пратениците.

-Со вашата работа после неколку месеци, мислам дека е ред на пратениците да им биде доделен оригинал Деловник и да нема различни толкувања. Од почетокот на овој мандат се работи со препис. Ова е срамота и за државата и за сите ние што сме присутни и има различни толкувања на Деловникот. Барам да се подели ургентно усвоениот Деловник, а не препис, рече Беџети во процедуралната забелешка.

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, реплицирајќи му на Беџети, од собраниска говорница покажа дека има три деловника. 

-За разлика од вас Беџети јас имам три деловника, еден што ни доставија од претходниот мандат кога на власт бевте заедно со СДСМ, втор, јас го копирав за да биде попрактичен за работа за мои потреби и трет даунлодиран на телефонот за да можеме да работиме и кога не сме во Собранието. Поентата сакаме ли да го почитуваме тој Деловник што беше донесен со скоро максимално единство, или не сакаме да го почитуваме. Се фаќате за технички работи, дали било оргинал или не, ајде да го почитуваме и да работиме по него, кажа Мицевски.

Гаши истаикна дека овој пратенички состав го има испечатено Деловникот и таков го распределиле до пратениците, и оти тој е издаден од минатиот состав.

Оливер Спасовски од СДСМ, пак, во процедурална забелешка реагираше на основа на членот 40 став 2 од деловникот, за претседателот Гаши да обезбеди присуство на седница на министри. 

-Ако во Деловникот стои дека на седницата присуствуваат претседателот и членовите на Владата , а ние имаме претседател и само неколку министри присутни на седницата, мислам дека треба да се обезбеди присуство на сите министри, се со цел да може да се поставуваат прашањата, рече Спасовски. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Со Измените на Законот за инспекциски надзор инспекторатите одат под капата на министерствата и ја губат самостојноста

Следно

КУРИР АНКЕТА: Ѓраѓаните утре ќе им кажат НЕ на маркетите поради високите цени (ВИДЕО)

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop