ПО 37 ГОДИНИ, ЛЕГЕНДАРНАТА АНА ВИНТУР СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ГЛАВНА УРЕДНИЧКА НА „ВОГ“

June 26, 2025
1 min read

По 37 години на чело на американското издание на „Вог“, главната уредничка Ана Винтур се повлекува од функцијата. Според изворите, 75-годишната Винтур ја соопштила веста на состанок со вработените на 25 јуни утрото. „Вог“ ќе бара нов главен уредник, додека Винтур ќе остане на функцијата глобална главна директорка на издавачката компанија „Конде Наст“ и глобална уредничка директорка на „Вог“, надгледувајќи ги сите брендови низ светот, меѓу ги „Венити фер“, „Џи-Кју“, „Еј-Ди“ и други.

Долгогодишната уредничка ја започна својата кариера во „Вог“ во 1988 година, преземајќи ја функцијата од претходната уредничка Грејс Мирабела. Винтур веднаш започна со трансформирање на магазинот и еден од нејзините први големи потези влезе во историјата. Нејзината прва насловна страница (изданието од ноември 1988) ја прикажа манекенката Михаела Берку во фармерки од 50 долари (првпат фармерки се појавуваат на насловна на „Вог“) и џемпер од Кристијан Лакроа вреден 10.000 долари, на слика со опуштен и весел изглед фотографирана од Петер Линдберг.

„Тоа беше толку различно од студираните и елегантни портрети што беа типични за тогашните насловни – со многу шминка и крупен накит. Оваа ги прекрши сите правила,“ изјави Винтур за „Вог“ во 2012. „Потоа, како што обично се случува, луѓето почнаа да придаваат разни значења: комбинација на висока и ниска мода, дека Михаела била бремена, дека е религиозна изјава. Но, ништо од тоа не беше точно. Само ја погледнав фотографијата и почувствував дека дуваат ветришта на промена. А од насловна не може да се побара повеќе од тоа.“

Овој историски деби момент означи и нова етапа за магазинот – ставање славни личности на насловна, со што започна целосно нова ера во дизајнот на насловни страници што ја следеа и другите медиуми.

Нејзината репутација како застрашувачка фигура наводно го инспирирала ликот на Миранда Пристли во „Ѓаволот носи ‘прада’“, книга напишана од нејзината поранешна асистентка Лорен Вајсбергер, по која подоцна се сними филм со Ен Хатавеј и Мерил Стрип. Вајсбергер изјави дека инспирацијата ја добила од приказни што ѝ ги раскажувале нејзини пријатели од модната индустрија за своите шефови, но сепак многумина ја поврзуваа ликот со Винтур. Кога филмот премиерно беше прикажан во 2006, Винтур се појави во киното облечена во „прада“.

Во 2009 година, таа ги смени улогите, дозволувајќи им на камерите да ѕирнат во светиот свет на „Вог“ за време на изработката на годишното „септемвриско издание“. Документарецот „Септембриско издание“ го документираше секојдневното работење на Винтур и нејзиниот тим додека го составуваа најголемото септемвриско издание досега — за првпат дозволен поглед зад сценатана „библијата на модата.“

Во 2013, Винтур стана уметничка директорка на „Конде Наст“, а во 2019 ја доби и третата титула — глобална советничка за содржина.

Сè уште не е објавено кој ќе ја наследи.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маричиќ: Ако не влеземе во ЕУ до 2030, ќе ни бараат други модели кои ќе важат за проблематичните држави

Следно

Мицкоски: Финансиската полиција за 9 месеци откри криминали од 30 милиони евра што е доказ дека расчистуваме со криминалот, и правиме чекор напред во градењето на темелите на промените!

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер

Одлични вести за навивачите на Барселона: Рафиња и Де Јонг се враќаат за дуелот против Бетис

Барселона ја очекува тешко гостување кај Бетис во деветтото коло од Ла Лига, а тренерот Ханси Флик на прес-конференцијата потврди дека Рафиња и Френки де Јонг се опоравиле од повредите. Каталонците имаат
Go toTop