По 150 часа под урнатините спасена 64-годишна жена во Туркије

February 12, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – 64-годишната Музејен Офкели е спасена од урнатините на зградата во која живеела во местото Дефне, во турската област Хатај, по 150 часа од првиот разорен земјотрес што ги потресе јужните делови на Туркије, известува Анадолу.

По долготрајни напори, спасувачките екипи дојдоа до жената под урнатините и ја извлекоа на површината. По укажаната прва помош во медицинското возило, Офкели е префрлена во болница.

Спасувачките екипи во трка со времето продолжуваат со претрагата и спасувачките акции во регионите погодени од земјотресите.

Бројката на загинати во земјотресот на југот од Туркије се зголеми на 24.617, соопшти потпретседателот на оваа земја, Фуат Октај.

Од подрачјето погодено од земјотресот во други делови на земјата евакуирани се повеќе од 86.000 лица.

– Разорните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Во овие земјотреси што силно ги потресоа и северните делови на Сирија, животот го загубија повеќе од 3.500 лица, а над 5.200 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД и Канада соборија ново неидентификувано летало

Следно

Демант од Град Скопје

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop