ПО 11 ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИЗГРАДБАТА, ТУРСКИОТ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ ПОЧНУВА ВНАТРЕШНО ДА СЕ УРЕДУВА И ОПРЕМУВА

August 3, 2025
1 min read

Во тек е третата фаза од изградбата, односно изведба на инсталациите во новиот објект на Турскиот театар во Скопје, како и изведба на сценско театарските технологии со внатрешното уредување и опремување, вели министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

За реализација на овие активности предвидени се 84.000.000 денари (1,359,223 евра), а дел од овие средства се обезбедени со ребаланс на буџетот за 2025.

Турскиот театар во Скопје постои 75 години, а веќе 10 години ги користи просториите на Театар Комедија. Објектот, кој се наоѓа во населбата Пролет близу железничката станица, почна да се гради пред 11 години.

Објектот е проект на Министерството за култура и институцијата Турски театар, кој се јавува како инвеститор. Автор на идејното решение е архитектот Виктор Михајлов, кој е автор и на објектот на Филхармонијата. Театарот има две сали, голема со 329 места и мала со 120 места. Функционално, објектот е на седум нивоа, од кои пет надземни и два подземни.

Изградбата на карабината почна на 23 јуни 2014, а беше завршена и примопредадена на 15 јуни 2017. Театарот почна да се гради како еден од капиталните проекти на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ со премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

„Скопскиот Турски театар е единствениот театар на Балканот кој опстојува 75 години како национална установа поддржана од Министерството за култура, кој претставите ги игра на турски јазик надвор од границите на Турција. Откако почна да се гради новиот објект, Турски театар ги користи просториите и сцената на Театар Комедија. Претходно, Турскиот и Албанскиот театар со години заедно работеа во Театарот на народностите во скопската Стара чаршија.

Моментално ние ја делиме сцената со Театар Комедија и сме сместени таму веќе 10 години. Оваа состојба не е идеална, бидејќи и двата театри се меѓу најангажираните институции во земјата. Сепак, со меѓусебна почит, разбирање и силна волја, успеавме да ја одржиме нашата продукција на високо уметничко ниво. Нашиот репертоар останува богат, разновиден и современ, а публиката е секогаш во центарот на нашето внимание.

Особено сме горди што нашата нова театарска зграда конечно е во фаза на изградба. Ова претставува историски момент за нашата установа, бидејќи за првпат по многу години ќе добиеме сопствен простор – функционален, модерен и достоен за една национална институција. Веруваме дека во блиска иднина ќе можеме да ги отвориме вратите на новиот објект и да ја продолжиме нашата мисија со уште поголема енергија и инспирација“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК, директорот Осман Али.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Дојранско Езеро е пред колапс падна 80 сантиметри под минимумот, хидросистемот во распад

Следно

Приведени две лица во Струга – горејќи душеци и бакарни жици предизвикале пожар на градската депонија

Latest from Blog

Редарите на „Енфилд“ спречија најсрамна сцена: Симеоне тргна во пресметка со навивачите (ВИДЕО)

Сјаен натпревар во рамките на 1. коло од Лигата на шампионите на „Енфилд“ одиграа екипите на Ливерпул и Атлетико Мадрид. Токму кога помисливме дека по петте постигнати голови и драматичната завршница на

Чудото Пафос, голеада во Прага за реми!

Фото: Славија Прага Х Олимпијакос не ја оправда фаворитската улога против дебитантот во Лигата на шампиони, Пафос, откако во Атина одиграа без голови 0-0. Колку беше немоќен грчкиот тим говори и фактот

Пронајдени шест деца заклучени во магацин во Милвоки

Шест деца, меѓу кои и едно двомесечно бебе, беа пронајдени заклучени во магацин во Милвоки, најнаселениот град во американската држава Висконсин. Полицијата реагирала откако добила пријави за деца заклучени во магацин. На

Зеленски: Ракети за западните ПВО системи ќе бидат дел од првата испорака во рамките на механизмот на НАТО за купување оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ракети за западните системи за воздушна одбрана ќе бидат дел од првичните испораки на американско оружје што ќе го платат земјите од НАТО во рамките
Go toTop