Пленковиќ по апсењето на министерот Берош: Ова е чин на предавство

November 15, 2024
1 min read

Утринава беше уапсен сега веќе поранешниот министер за здравство на Хрватска Вили Берош. Тимови на Канцеларија за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) влегле во неговата куќа во Загреб нешто пред 7 часот изутрина и започнале претрес. Европските обвинители соопштија дека тие покренале акција против Берош и уште седум лица заради криминално здружување, наведувајќи дека Берош примил мито.

Премиерот Андреј Пленковиќ го разреши Берош и свика прес-конференција, која започна нешто по 11 часот.

– Како што знаете, утринава беше уапсен поранешниот министер Вили Берош и уште две лица, во рамки на акција на УСКОК, за што ме информираше главниот државен обвинител. Не сум запознаен со деталите. Очигледно станува збор за коруптивни кривични дела. Она што сакам да го кажам во име на Владата е дека надлежните органи треба сè да истражат, изјави хрватскиот премиер.

– Како претседател на Владата, лично сум згрозен од идејата дека некој во здравствениот систем би ја користел својата положба за лично збогатување или за да му удоволува на некој друг. Станува збор за незаконско дејствување на министерот и некои други службеници во здравството. Тоа е особено чувствителен ресор и тема. Министерот Берош доби доверба од мене и од граѓаните да се грижи за здравството и да управува со ресурсите на законит начин, за да им се обезбедат најдобрите услуги на сите пациенти, додаде шефот на хрватската Влада.

Пленковиќ изјави дека ова може да се смета за чин на предавство.

– Ниту тој, ниту кој било друг, не доби мандат за злоупотреба на системот и извршување кривични дела. Иако ова е непријатен момент за Владата, целосно ја поддржуваме истрагата. За корупцијата нема место, без разлика за кого станува збор. Ако се докаже дека обвинувањата се точни, ова го доживувам како чин на предавство на личната доверба што ја имав во него овие пет години, откако му ја укажав честа да биде министер. Се надевам дека овој случај ќе послужи за дополнителен ангажман во борбата против корупцијата, рече Пленковиќ.

Тој одби да ги коментира деталите од случајот.

„Знам само она што прочитав. Истражните активности се тајни. Ние не сме полиција, ниту Државното обвинителство, па немаме сознанија за деталите од случајот. Од друга страна, ако надлежните органи процениле дека доказите, индициите и некои изјави се такви што довеле до апсење на министерот, тогаш ситуацијата сигурно е сериозна и укажува најмалку на сомнение за кривични дела.“

„Го разрешив министерот Берош веднаш штом дознав за какви кривични дела е осомничен,“ додаде премиерот. Тој демантираше дека ова има врска со Европската јавна обвинителка Лаура Ковеси и состанокот што го одржаа.

Пленковиќ истакна дека последниот контакт со Берош бил вчера, кога министерот го информирал за резултатите од разговорите со синдикатите.

Во однос на именувањето на нов министер, премиерот рече: Дајте време. Не си легнав синоќа со мисла дека денеска ќе бидам пред вас на прес-конференција и дека ќе имам трет коалициски состанок оваа недела.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За викендот стабилно време со студени утра

Следно

Мицкоски: Реториката која доаѓа од ДУИ ќе биде уште пожестока, но не треба да ѝ се дава значење

Latest from Blog

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за

Драган Ковачки – од армиски офицер и воен разузнавач до прв оперативец на ВМРО

Ковачки бил долгогодишен армиски офицер, кој извршувал разни должности во воената служба за безбедност. Тој ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека дезертирал и дека не добил НАТО безбедносен сертификат поради контакти со
Go toTop