„Плановите на Нетанјаху да ја прошири војната во регионот ја отвораат вратата за голема катастрофа“

June 26, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес ги повика сите земји во регионот да застанат покрај Либан против израелскиот план за инвазија, известува Анадолу.

Во обраќањето пред парламентарната група на Партијата за правда и развојот (АК) во главниот град Анкара, претседателот Ердоган истакна:

„Израел, кој ја уништи Газа, сега фрли око на Либан.“

„Гледаме дека западните сили заткулисно го поддржуваат Израел. Туркије е со братскиот либански народ и со државата Либан. Ги повикуваме и другите земји во регионот да бидат со Либан“, рече Ердоган.

Турскиот претседател се осврна и на плановите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Плановите на Нетанјаху да ја прошири војната во регионот ја отвораат вратата за голема катастрофа. Исламскиот свет и Блискиот Исток мора први да се спротивстават на крвавите планови. Патетично и застрашувачко е што земјите што зборуваат за правда и човекови права се заробеници на ментално болен човек како што е Нетанјаху“, рече Ердоган.

Израел, непочитувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа од 7 октомври минатата година.

Оттогаш во Газа се убиени речиси 37.700 Палестинци, повеќето жени и деца, а над 86.200 се ранети, објавија локалните здравствени власти.

Повеќе од осум месеци од почетокот на израелската војна во Газа големи делови од палестинската енклава се во урнатини, а постои акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион раселени Палестинци побараа засолниште.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Основачот на Викиликс, Асанж, се врати дома во Австралија

Следно

Километар пруга до Бугарија може да чини 24 милиони евра

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop