Пјонгјанг затворен пет дена поради неодредено респираторно заболување

January 25, 2023
1 min read

Според медиумите, се чини дека жителите на Пјонгјанг складираат стоки во очекување на построги мерки. Сепак, не е јасно дали другите области на Северна Кореја вовеле некакви ограничувања

Властите во главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, наредија петдневно заклучување поради зголемен број случаи на „неодредена“ респираторна болест, објави сеулскиот Ен-Ка њуз, цитирајќи владино соопштение.

Во известувањето не се споменува ковид-19, но се вели дека жителите на Пјонгјанг морале да останат во затворени простории до крајот на неделата и да се подложуваат на проверка на температурата неколку пати на ден, пишува Ен-Ка њуз, кој ја следи Северна Кореја, пренесува Ројтерс.

Според медиумите, се чини дека жителите на Пјонгјанг складираат стоки во очекување на построги мерки. Сепак, не е јасно дали другите области на Северна Кореја вовеле некакви ограничувања.

Северна Кореја го пријави своето прво појавување на ковид-19 минатата година, но до август прогласи победа над вирусот.

Сепак, таа никогаш не потврди колку луѓе се заразени со коронавирус.

Државната новинска агенција КЦНА во вторникот објави дека градот Каесонг, кој се наоѓа во близина на границата со Јужна Кореја, ја засилил кампањата за јавна комуникација „за сите вработени доброволно да се придржуваат до прописите против епидемијата во работата и животот“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тотенхем потпиша со Арно Данјума

Следно

Комитет за заштита на новинарите: Во 2022 година убиени 67 медиумски работници

Latest from Blog

Силен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинати

 Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 5,1 според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) наведе дека таа изнесувала 5,5. Земјотресот урна десетици куќи, а потреси се почувствуваа

УКИМ отвора 8.851 место за бруцоши

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус во учебната 2026/2027 година, со вкупно 8.851 место на факултетите и студиските програми во негов состав.

Полугодишен преглед на Македонската берза: Промет од 4,57 милијарди денари за шест месеци

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот јануари – јуни 2026 година, на Македонската берза беше реализиран вкупен промет од 4.570.346.699 денари, преку
Go toTop