Пјонгјанг ги укина агенциите што работеа на обединување со Јужна Кореја

January 16, 2024
1 min read

Северна Кореја распушти неколку агенции кои работеа на обединување со Јужна Кореја, јави официјалната агенција КЦНА, откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека обединувањето на неговата земја со јужниот сосед повеќе не е можно.

Одлуката за распуштање на агенциите ја објави севернокорејскиот парламент. Станува збор за три организации кои се занимаваа со прашањето на обединувањето и меѓукорејскиот туризам.

Ким вчера во говор во Парламентот рече дека неговиот конечен заклучок е дека обединувањето со јужниот сосед повеќе не е можно и го обвини Сеул дека сака да ја собори неговата влада. Тој побара уставен амандман со кој ќе се промени статусот на Јужна Кореја.

Ким предупреди дека неговата земја не сака војна, но нема намера да ја избегне.

– Не сакаме војна, но немаме намера да ја избегнеме, рече Ким.

Во минатонеделниот извештај за проектот „38 Север“, чие седиште е во САД, поранешниот службеник на Стејт департментот Роберт Карлин и нуклеарниот научник Зигфрид Хекер рекоа дека ситуацијата на Корејскиот полуостров е поопасна од кога било од почетокот на јуни 1950 година.

– Можеби звучи премногу драматично, но веруваме дека, како и неговиот дедо во 1950 година, Ким Џонг Ун донесе стратешка одлука да оди во војна, напишаа тие.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Републиканецот Рамасвами се повлече од трката и го поддржа Трамп

Следно

Санкционирани 124 возачи во Скопје

Latest from Blog

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и
Go toTop