Писториус предупредува на хибридна закана од Русија

December 22, 2024
1 min read

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Германија мора да биде подготвена да се спротивстави на сите хибридни напади од Русија, кои вклучуваат кампањи на социјалните мрежи дизајнирани да им помогнат на екстремните десничарски и популистички партии, јави ДПА.

„Путин е вклучен во хибридни напади и особено Германија е во фокусот“, изјави Писториус за весниците од медиумската група „Функе“ (Funke Mediengruppe) во изјава објавена денеска.

-Тој добро нè познава, Путин знае да не прободе, додаде министерот за одбрана, кој е социјалдемократ. „Со игнорирање на оваа закана бидејќи нè прави да се чувствуваме непријатно, нема да ја направиме помала, туку поголема“, е оценката на Писториус.

Писториус посочи дека нападите ќе влијаат на германската инфраструктура, снабдувањето со енергија, активностите во Северното и Балтичкото Море и ќе предизвикаат нарушување на воздушниот простор.

-Дел од стратегијата на Путин е да го наруши и подели нашето општество, смета министерот. Мораме да направиме сè што можеме за да ја спречиме стратегијата на Путин да успее, вели тој.

Запрашан дали Германија е таму каде што треба да биде воено, Писториус вели: „Ние сме на вистинскиот пат“. Само оваа година започнаа 97 големи проекти во вредност од 58 милијарди евра, со што го надминаа минатогодишниот рекорд.

-Пренесовме голема количина материјали во Украина. Покрај тоа, на индустријата и треба време да го зголеми својот производствен капацитет за оружје и муниција“.

Писториус објасни дека на тенкот Леопард му требаат до две и пол години за испорака, додека на фрегатите и подморниците од шест до осум години.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Гевгелија

Следно

После свадба, тапани: ДУИ се огради од Груби, на ред ли е СДСМ од Филипче?

Latest from Blog

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност
Go toTop