Пишман, како западна компанија во Русија

May 30, 2024
2 mins read

Севкупно над 2.100 меѓународни компании останале во Русија по почетокот на војната во 2022, споредено со 1.600 компании кои или се повлекле од пазарот или го намалиле својот обем на работа.

Дел од компаниите што останале се жалат на комплексна бирократска процедура за излегување од пазарот, на други поплаката е дека добиле понуда да бидат откупени која не била прифатлива за нив.

Она што Русите променија од почетокот на војната е воведување на задолжителен 50% попуст на имотот од „непријателски“ држави кој им се продава на руски купувачи, плус задолжителен „данок за излегување“ од минимални 15%. Дури и да е некоја компанија подготвена на ова, станува се потешко да се најде руски купувач кој е прифатлив за Москва, а во исто време да не биде под западни санкции.

Пример Ер Ликвид, францускиот производител на индустриски гас, уште од септември 2022 објави дека постигнал спогодба со тим руски менаџери за да им го продаде бизнисот. Од тогаш договорот чека на владино одобрување.

Друг пример е со козметичката компанија Авон која почна процес за продажба на својот руски бизнис и доби понуди кои одлучи да не ги прифати, па повеќе нема намера да продава.

Претпазливоста на компаниите е и заради искуствата на бизниси како Карлсберг и Даноне чиј имот беше запленет откако од државата откако објавија дека се повлекуваат од пазарот. Даноне на крај успеа да се извади  постигнувајќи договор за продажба со сериозен попуст, додека имотот на Карлсберг уште останува под клуч.

Од друга страна има и бизнис логика зад останување во Русија, како што објаснуваат од Карнеги Русија, заради подобрата од очекуваното економска ситуација, во земјата растат платите а со тоа и потрошувачката, што го прави рускиот пазар попривлечен за меѓународни компании.

Пепси пак имаше друг пристап и престана со производство и продажба на својот пијалак во Русија (исто како и Кока-кола), но затоа продолжи да функционира нивниот тамошен бизнис со млеко кој вработува 20.000 луѓе и е опслужуван од 40.000 земјоделци. Од Пепси објаснија дека млечниот бизнис ќе продолжи со работа бидејќи тоа била нивна хуманитарна должност и одговорност.

Најдиректни беа од групацијата Монделез чиј ЦЕО неодамна изјавува дека инвеститорите немаат морални грижи дали некоја групација ќе ја напушти земјата.

Како што објаснува за Фајненшл тајмс еден руски извршен директор, веќе е сериозно променето расположението меѓу западните компании, и дека компаниите кои ја напуштија земјата во првиот бран чувствуваа морална обврска за тоа, која повеќе не постои.

„Сегашниот бран повеќе е, дали стварно мора да си одиме? Дали сакаме да си одиме? Некои од овие компании изградиле четири или пет фабрики во рок од 30 години. Тие нема да го продадат тоа со 90% попуст,“ изјавил соговорникот.

ФТ ја пренесува и изјавата на активистот инвеститор и член на бордот на Унилевер, Нелсон Пелц, кој извршил притисок врз групацијата да се откаже од планот за напуштање.

Пелц објаснува дека ако си заминат, Русите ќе им ги земат брендовите, што никако не е добра зделка. Во исто време Проктер и Гембл и Колгејт – Палмолив ја немаат напуштено државата, „па зошто тогаш по ѓаволите ние да излегуваме?“

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд, повторно ќе се гласа попладне

Следно

Манев: Кога се игра против репрезентации како Хрватска мотивацијата е на највисоко ниво

Latest from Blog

Тежок пораз за Трамп

Трамп ја потпиша оваа наредба на првиот ден од неговото враќање на функцијата во јануари минатата година, кога започна нова кампања против нелегалната имиграција. Целта на наредбата беше да се одземе американското

Ова се имињата на новите министри – УМС и УЖ добија нови претседатели

Нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, додека министерството за социјална политика ќе го превземе Ѓоко Велковски Нов директор на Фондот за здравство од каде доаѓа Клековски, ќе биде Златко Перински,

Легендите на клубот се менуваат како на лента… Радосав Петровиќ е нов спортски директор на ФК Партизан

Превирањата, новитетите и промоциите на нови ликови во ФК Партизан периодов се случуваат секојдневно и јавноста во Србија буквално оди со вести во низа кога е во прашање клубот од стадионот ЈНА.

Меџити: Чаир влегува во нова фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека Владата донела одлука за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општина Чаир, со што, како што наведе, се отстранува последната административна

Катастрофа во Венецуела: Над 43.000 лица водат како исчезнати по разорни земјотреси

Според најновите информации, сè уште нема никаков контакт со 43.251 пријавено лице, иако оваа бројка бележи благ пад во однос на претходниот ден. Официјалните власти соопштија дека досега е потврдена смртта на
Go toTop