Пецаков: Системска поддршка на младите, Општината партнер на секоја младинска иницијатива

October 15, 2025
1 min read

Младите луѓе се носители на идеи и иновации. Затоа, вложувањето во нивниот развој, создавањето услови за нивно активно учество и поддршка на нивните потреби е наша морална и општествена одговорност. Тоа денеска го истакна Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид и кандидат за втор градоначалнички мандат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на пригодната свеченост организирана по повод тригодишнината од отворањето на Младинскиот центар во Охрид.

-Со отворањето на Младинскиот центар во 2022 година, направивме важен чекор за младите и за целата заедница. Покажавме дека Општина Охрид има волја и капацитет да ги стави младите во фокусот на своите политики. Овој Центар прерасна во место каде што се креираат програми, активности, иницијативи посветени на младите луѓе. Низ изминативе три години, тука се одржаа низа настани, обуки, работилници и волонтерски акции, кои го збогатија личниот развој на младите. Горди сме што Младинскиот центар стана простор каде што младите добиваат системска поддршка, преку неформално образование, информирање и советување. Општина Охрид денес е препознаена како позитивен пример во државата, во делот на исполнување на своите обврски согласно Законот за младинско учество, но и за тоа што направи чекор понатаму, во креирање и имплементирање на конкретни мерки кои даваат вистинска поддршка за младите, рече Пецаков додавајќи дека во оваа насока се формирани и Локалниот совет на млади и Локалното младинско собрание, а изготвена е и Стратегија за млади.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски со дигитална и еколошки одговорна кампања за модерно Скопје

Следно

Шведски метод на чистење: Корисен е за намалување на натрупувањето облека

Latest from Blog

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На
Go toTop