Петрушевски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има, документот за реформи во ЕУ ги потврди укажувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СДС прифати штетен договор

September 20, 2023
1 min read

Се виде на 18 август единството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за дневниот ред за уставните измени и таа тема е затворена. Остануваме на ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Сите јалови обиди дали преку странство, дали преку домашни и сегашни или минати политичари се залудни, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски за Анализа на ТВ24.

Петрушевски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било поединствено, 80% од населението никогаш не било погласно дека овие уставни измени се непотребни.

– Дополнителен аргумент дека сме било во право е денешниот документ од француско-германските експерти каде разработија студија со која треба да се реформира ЕУ и пристапниот процес и да се укине правото за вето, што е аргумент дека сме во право дека ваквата преговарачка рамка и договор кои ги прифати СДС се штетни. Нови ветришта дуваат во ЕУ и ако ова помине ќе има сосема нова ситуација, ова преговарачка рамка и процес и нема да биде вака како што СДС прифати, рече Петрушевски.

Петрушевски истакна дека тоа што е важно за нас во тој документ за реформи на ЕУ се поклопува со барањата на ВМРО-ДПМНЕ, се зголемуваат фондовите за земјите кои пристапуваат, а тоа што е најважно воведување на квалификувано мнозинство и се исклучува можноста за вето и во целост ќе се смени процесот на пристапување.

Паѓа во вода тоа што СДС го кажува, не ги предвиделе процесите и прифатија договор штетен на интересите на македонскиот народ, изјави Петрушевски.

Во однос на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за германски ФАЦ, Петрушевски нагласи дека изјавата е доволно јасна.

– Нема што да се додаде, јасна е изјавата на претседателот Мицкоски. И се ова што се случува деновиве укажува дека се случуваат одредени дилови во позадина, кои се апсолутно непринципиелни. Се случуваат работи кои не можеме да ги поминеме и да кажеме дека се коинциденција, изјави тој.

Петрушевски додаде дека друг доказ за тоа е спроведувањето на делото, пред се на измените во Кривичниот законик со кој се амнестираат одредени функционери и сегашни и од минатото, но и идни.

– Мислам дека се наоѓаме пред сериозен период во државата, можеби пресуден за иднината на Македонија, нагласи Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„FLUX Surfacing“ – изложба на графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова

Следно

Еден Азар се враќа во Белгија?

Latest from Blog

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на
Go toTop