Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ја преиспитаат одлуката за назначување на новите членови во УО на Академијата за судии и јавни обвинители

November 5, 2024
1 min read

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска истакна дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството.

„Наместо да назначат за членови на УО на Академијата судии и јавни обвинители, тие назначија свои членови.

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го прекршија законот, а притоа назначија и луѓе блиски до СДС.

Како од стотици судии Советот на јавни обвинители и Судскиот совет за членови на УО на Академијата избраа свои членови, кои патем се и сестра на пратеничка од СДС, мајка на советничка од СДС и братучетка на полициски началник од времето на СДС?

Ги повикуваме и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, зошто во спротивно ќе бидат директно одговорни за нарушување на кредибилитетот на правосудните органи.

Овие незаконски и партиски назначувања се доказ зошто се потребни реформи во правосудството“, вели Петрушевски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СИЛВАНА БЛАЖЕВСКА Е НОВА В. Д. ДИРЕКТОРКА НА НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА „СТОБИ“

Следно

Ковачки во седиштето на НАТО: Поздравено е значителното вложување и одвојување на средства на сите земји членки, потенцирана е потребата од континуирана комуникација

Latest from Blog

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop