Петрушевски: СДС лажат и ловат во матно, го спасуваат Пајазити кој е виновен за бегството на Рамадани и сакаат да сокријат скандал дека приведените за убиството кај Мавровка избегале од затвор во нивно време

August 22, 2024
1 min read

Самиот факт што СДС фамозните наводи ги презентираат во прашална форма говори дека се свесни дека лажат и ловат во матно. Жално е да се гледа како СДС панично се обидуваат да го заштитат Пајазит Пајазити, кој е единствено одговорен зошто сега Блерим Рамадани е на слобода. Да изречеше Пајазити затворски притвор, сега Рамадани ќе беше во Шутка, рече пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот Рамадани.

Според Петрушевски покрај спасот на Пајазити, СДСM сакаат да прикријат огромен скандал за кој се виновни тие.

„А тоа е фактот дека двајцата избегани од затвор приведени за убиството кај Мавровка се избегани во нивно време. Е.К. првиот од приведените е избеган од Идризово на 15.04.2024 година, а А.К. вториот од приведените е избеган од Шутка на 22.07.2024 година, два дена пред смената на директорот на оваа установа“, вели Петрушевски.

Петрушевски праша „дали се ова беше планирано во СДСM и дали намерно пуштиле од затвор да избегаат лицата кои сега се приведени за убиство?“

„СДС сака да создаде хаос, но тоа не поминува. Институциите постапуваат експресно и одговорност ќе има за секој еден“, заклучи Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Започна изградба на нова спортска сала, ќе продолжиме да градиме и во иднина, тоа го очекуваат граѓаните од нас

Следно

СДСМ: Дали Рамадани избегал на Косово со партиско-полициска организирана шема, очекуваме одговори

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните
Go toTop