Петрушевски: Обвинителството е должно да постапува по секој еден случај во кој има сомнеж за корупција и криминал како оној со случајот Жан Митрев

January 28, 2026
1 min read

И покрај фактот што поминаа десеттина дена откако доктор Жан Митрев кажа јавно за намерите на Венко Филипче да ја преземе Клиничката болница која тој ја води, молк од Филипче, но молк и од надлежните институции како Јавното Обвинителство, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во Јавното Обвинителство има повеќе од доволно информации врз чија основа може да покрене постапка. Во оваа прилика, ние овде пред Јавното Обвинителство, ќе повториме кратко за што станува збор. Очигледно е дека планот за преземањето на Клиничката болница од Филипче заедно со неговиот другар Зоран Заев и тогашен премиер, било добро планирано. Филипче и Заев ги применувале за нив добро познатите техники како изнуда, притисоци, а ветувале и дека ќе влијаат во судската постапка во која страна е доктор Жан Митрев, посочи тој.

Оценува дека планот, евидентно дека не поминал но и добро е што не поминал, бидејќи планот на Филипче вклучувал и еден вид на приватизација на јавни пари или пари на граѓаните.

-Како? На тој начин што Филипче ја зголемил сумата од ФЗО која се префрла кој болницата, или сумата во 2020 година достигнала околу 11 милиони евра, што е скоро дупло за разлика од сумата која е одвоена за болницата во 2015 година. Многу едноставно Филипче ја зголемувал сумата која се префрла од ФЗО кон Клиничката болница, а истата сакал да ја преземе за багателна цена. За тоа што Филипче не сака да одговори во јавност, му судат граѓаните на избори. Но, Јавното Обвинителство е должно да го испита секој случај во кој постои барем и мал сомнеж за криминал и корупција. Затоа денеска уште еднаш го повикуваме Јавното Обвинителство да ги разгледа информациите и да потстапува, посочи Петрушевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тоневски присуствуваше на Светата Архиерејска Литургија во Лесновскиот манастир

Следно

Конечно ги пронајдовме секогаш поволните производи од dm кои го прават чистењето полесно!

Latest from Blog

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ, порачаа шефовите на дипломатиите на Германија и Франција

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул и неговиот француски колега Жан-Ноел Баро оценија во Берлин дека е време Европската Унија да преземе нови чекори во насока на проширување, објавија германските медиуми.

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери – жени

Минчев на средба со амбасадорот на Црна Гора

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на билатералната соработка со Министерството

Голем „пех“ за ПСЖ: Баркола сериозно повреден, ќе ги пропушти четвртфиналните дуели во ЛШ

фото: Fabrizio Romano @FabrizioRomano (X) Крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, кој вчера постигна прекрасен гол на мечот со Челзи во ЛШ, се повреди во второто полувреме. Францускиот фудбалер беше заменет во
Go toTop