Петрушевски: Филипче во целосна одбрана на политиките на Заев – Се што направил тој, би го направил и Венко

February 10, 2025
1 min read

Венко Филипче првпат се стави јавно во целосна одбрана на политиките на Зоран Заев, кои ја понижија, осиромашија и уништија државата, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние водевме добри политики“ на Венко Филипче е новото “Како до сега”. Тврдењата на експертите дека Венко Филипче е пион се покажаа за точни, потренцира во изјавата.

„Венко Филипче ја брани, и ги смета за добри политики смената на името, договорот со Бугарија, криминалните афери во РЕК Битола, ЕСМ, СОЗР, Лотарија.

Венко Филипче кажа дека со се што направи СДС, тој се согласува и дека истото би го направил.

Венко Филипче призна дека тој би направил се што направи и Заев, и дека од него не може да се очекува ништо друго освен нов Зоран Заев“, нагласи Петрушевски.

-Се потврди тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажуваше, Венко Филипче нема политики, ниту став за најобични прашања, негов став е се што Заев направил и кажал, тој е само бледа копија, и послушник, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Следно

Од денес нема пречки за операции во хируршките сали во Клинички центар

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop