Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300.000, а незаконски земале половина милион евра субвенции

September 12, 2024
1 min read

Љупчо Дон Николовски овозможил Арекспорт од Струмица, да го оштети буџетот за над половина милион евра. Љупчо Николовски е министер во МЗШВ кој ги потпишал договорите за закуп на земјоделско земјиште на Арекспорт, но и министер кога фирмата во две последователни години не ја плаќала закупнината, обвинува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Љупчо Николовски можел да го раскине договорот, но тоа не го сторил. Љупчо Николовски не може да се вади на службите и вработените во МЗШВ, затоа што покрај другите услови фирмата Арекспорт се обврзала дека ќе инвестира 2 милиони и 450 илјади евра на закупеното земјиште, а не инвестирала ниту 300.000 евра. Дополнително станува збор за 1.416 хектари земја, а не за 100 или 1000м2, како Љупчо Николовски не можел да каже дека не знаел или не пристигнала информација до него. Во ред е Љупчо Николовски да не знае за некој договор или сметка што ја потпишал од 1.000, 10.000 или дури и 100.000 денари, но да не знае за договор за закуп на над 1400 хектари кој не се извршува согласно закон, за кој не се плаќа закупнина и земја на која незаконски се земале половина милион евра субвенции нема никој да поверува, рече тој.

Шетрушевски порачува дека Љупчо Николовски треба да одговори, зошто никој не ги исконтролирал дали Арекспорт ги инвестирала ветените над 2.4 милиони евра?

-Наместо да се крие зад службеници во министерството да понесе одговорност, рече пратеникот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столе Димитриевски најдобар голман во второто коло од Лигата на Нации (ФОТО)

Следно

Мицкоски: Исклучително сум задоволен, 66 општини поднесоа 215 проекти заклучно вчерашниот ден

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop