Мицкоски: Исклучително сум задоволен, 66 општини поднесоа 215 проекти заклучно вчерашниот ден

September 12, 2024
1 min read

„Јас сум исклучително многу задоволен и навистина им честитам на општините и на администрацијата во општините, бидејќи веќе 66 општини поднесоа околу 215 проекти заклучно со вчерашниот ден, што значи не се само од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, таму има општини од СДСМ и од ДУИ и други општини од коалицијата ВРЕДИ, ВЛЕН или пак политичката партија ЗНАМ, независни кандидати коишто се градоначалници сега и така натаму и така натаму“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на последниот ден од повикот на проектот за капитални проекти за општините.

Тој истакна дека очекува денеска да пристигнат и други предлози, да се дојде до 250 проекти.

-250 проекти значи подобри услови за живот на стотици семејства и тоа е суштината на овој проект, да направиме нешто коешто ќе биде соодветен одговор на реалните потреби на граѓаните, а со тоа да реализираме што е можно поголем број капитални инвестиции и да ја придвижиме економијата. И затоа е потребен и овој кредит, затоа што не само овие 250 милиони евра за општините, туку и 250 милиони евра за бизнисот којшто ќе предизвика, ќе имплицира дополнителни 250 сопствени средства милиони од страна на бизнисот, значи ние ќе имаме инвестициска активност од половина милијарда евра плус 250 милиони евра од општините. Тоа до сега не се случило. Тоа до сега не се случило, и тоа е оној ветер во грб којшто треба да го даде Владата за бизнисот. Ние немаме намера да се занимаваме со ниски страсти, ние немаме намера да го понижуваме народот како што тоа го правеше претходната Влада, немаме намера да го ограбуваме, сите оние коишто беа навикнати на таков тип на работа, денеска исчезнаа од периметарот на владините институции, бидејќи знаат како функционира оваа Влада. Но, да имаме намера да се грижиме за интересот на граѓаните и да го помагаме бизнисот, бидејќи помагајќи го бизнисот ќе имаме посилна држава. А колку ни е државата посилна, колку е Македонија појака, толку и нашиот имот во Македонија е посилен и повреден, истакна премиерот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300.000, а незаконски земале половина милион евра субвенции

Следно

Крсте Петков Мисирков и централното македонско наречје во фокусот на седмиот студиски ден на ИНИ

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop