Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда-класичен пример за хипокризија

November 23, 2024
1 min read

На Комисијата за финансирање и буџет, во рамките на расправата по поднесените амандмани за Предлог-буџетот за 2025 година, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска вели дека ако треба да се објасни што значи хипокризија како класичен и школски пример, можат да послужат амандманите кои ги поднесува опозициската СДС.

„Внимавајте, Социјалдемократскиот сојуз поднесува амандман за зголемување на трансферот на средства до заштитните друштва, а токму Социјалдемократскиот сојуз којшто седум години беше на власт, во 2023 година подготви закон со којшто сакаше да ги намали, односно да ги укине поволностите токму на овие заштитни друштва. И најверојатно со причина тука последна потпишаната госпоѓа Јованка Тренчевска, не е овдека да говори на овој амандман“, прецизна е Петрушевска.

Таа појаснува дека во изминатите седум години власт, СДС го имале портфолиото за Труд и социјална политика кое сега со реорганизација истото премина во Министерство за економија и труд.

Меѓутоа, додаде Птрушевска, тоа не го менува фактот дека во претходните седум години е покажана класична негрижа кон овој таргет на граѓани и дека кон истите треба да се постапува со големо внимание и без политизирање.

„Вие демонстриравте негрижа, но денес после само пет години сакате да говорите за социјална правда. И јас, да, сум за социјална правда, меѓутоа вие имавте време точно седум години. Седум години имавте министерки, министерката Мила Царовска, Јагода Шахпанска и Јованка Тренчевска којашто денеска не е тука да говори за амандманот“, констатира Петрушевска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски и Трајановски ќе извршат увид во изградба на автопат Охрид-Кичево

Следно

Петкоска: Пресреќна сум што СДС се конечно креативни со амандмани за развој на туризмот, а не како додека беа на власт и оставаа само „трошки“

Latest from Blog

Полицаец си ја убива партнерката за време на потера во Чикаго (Вознемирувачко видео)

Објавена е брутална снимка од камера на телото што го покажува моментот кога полицајката Кристал Ривера паѓа мртва откако е застрелана од нејзиниот партнер, Карлос Бејкер, за време на потера во Чикаго.

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот во општина Липково

Брзата реакција на пожарникарите и екипите од Македонски шуми спречи да се прошири пожарот кој денеска избувна во општина Липково. Пожарот настана по вчерашната акција на Скопска Црна Гора за лов на

Шефот на ФБИ се заканува со тужба на списание, кое објавило дека е често пијан

Пател ги нарече обвинувањата лажни и вети дека ќе се бори против обвиненијата, објави „Хил“. „Се гледаме на суд, ти и целата твоја свита на лажно новинарство… Продолжете со лажните вести, стандардот
Go toTop