Петровска за настаните во Косово: Поддршка за КФОР и активностите во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во регионот

September 24, 2023
1 min read

реклама



Министерката за одбрана, Славјанка Петровска преку својот фејсбук-профил ги осуди инцидентите на северот од Косово, каде во раните утрински часови беше убиен припадник на косовската полиција.

-Силна осуда за инцидентот кој се случи денес во Косово и за сите оние кои допринеле за тој да се случи. Од современите политички лидери се очекува да донесат мир и просперитет, а не поделби и конфликти. Целосна поддршка за КФОР и сите нивни идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во регионот, напиша Петровска на објавата на Фејсбук.

реклама

Претходно, првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Oсмани го осудија убиството на припадник на полицијата на северот од Косово и изразија сочувство до семејството на загинатиот и апел за брзо пронаоѓање на сторителите и стабилизирање на ситуацијата.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека е неопходно да се утврдат сите факти за нападот на влезот во селото Бањска во општина Лепосавиќ и дека одговорните за него мора да бидат изведени пред лицето на правдата, јави дописникот на МИА од Белград.

реклама

Косовската полиција го потврди убиството на тројца напаѓачи во северно Косово, како и апсењето на еден припадник на групата и на уште четворица осомничени кај кои се пронајдени апарати за радио-врски, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од полицијата, како што пренесуваат косовските медиуми, информираат и за откривање на значително количество оружје, муниција и разновидна опрема.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косовската полиција потврди дека се убиени тројца напаѓачи

Следно

Во Македонија има две дипломирани кинематограферки, една од нив никогаш не добила шанса да сними филм

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop