Петровска: Откако ги реши сите криминалци кои јуришаат по улиците, власта реши да апси и чесни граѓани кои реставрираат црква

September 10, 2024
1 min read

„Веројатно властите ги решија сите криминалци кои јуришаат по улиците деновиве и решија да апсат чесни граѓани, христијани, верници во Бога кои со лични средства сакаат да ја реставрираат православната црква Св. Петка во атарот на селото Галате, гостиварско“ напиша на социјалните мрежи пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

Таа додаде дека властите прво лажеше оти обвинителство наредило апсење, па откако јавното обвинителство демантираше, граѓаните биле обвинети за узурпација на земјиште.

„Узурпација на земјиште на кое црквата е изградена пред повеќе од 30 години? Срамота!“ напиша Петровска.

Пратеничката од СДСМ запраша дали некој ја видел нејзината колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која пред изборите врескала дека никој не може да го тормози македонскиот народ.

„Ама не ѝ било до македонскиот народ, на неа и на ДПМНЕ, до власта им било“ потенцираше Петровска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Треба да знаеме што е тоа што ЕУ планира со државата, патот до таму изобилува со вештачки предизвици

Следно

Мицкоски: На 19 септември во Брисел ќе им го соопштам нашиот предлог, не влегуваме во процеси без јасен план и гаранција

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop