Петмина сириски војници убиени во израелски воздушен напад врз либанско-сириската граница

September 27, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Петмина сириски војници се убиени во израелскиот воздушен напад, чија цел била воена локација на сириско-либанската граница рано утринава, јави сириската државна новинска агенција САНА, пренесува Анадолу.

Агенцијата цитираше сириски воен извор што вели дека „денес, приближно во 01:35 часот, израелскиот непријател изврши воздушен напад од правец на окупираната Голанска Висорамнина, гаѓајќи една од нашите воени локации на сириско-либанската граница, во близина на Кфеир Јабус во руралното подрачје на Дамаск“.

„Во нападот убиени се пет војници, додека повреден е еден“, додаде неименуваниот извор.

Ова е последниот во серијата израелски напади врз сириските воени позиции, особено по должината на пограничните региони.

Израел сѐ уште не го коментира нападот.

Нападот дополнително ги ескалираше тензиите во регионот бидејќи либански Хезболах и Израел се вклучени во прекугранична војна од почетокот на израелската војна против Газа, во која загинаа повеќе од 41.500 луѓе, повеќето жени и деца, по прекуграничниот напад на Хамас во октомври минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата

Следно

Јокиќ со новиот изглед ги изненади сите (ВИДЕО)

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е
Go toTop