Петмина приведени во Шпанија за планирање терористички напади низ Европа

February 7, 2025
1 min read

БАРСЕЛОНА (АА) – Шпанската полиција денес уапси пет лица под обвинение за планирање на терористички напади врз владини објекти во земјата, како и врз институции кои ја поддржуваат Украина во неколку европски земји, јавува Анадолу.

Полицијата во Барселона спровела операција во која уапсила двајца Руси и по еден државјанин на Белорусија, Колумбија и Шпанија, под сомнение дека се поврзани со терористичка организација, објавија локалните медиуми.

Сите петмина се опишани како „проруски терористи“ и се обвинети за планирање терористички напади во неколку европски земји, пишува „Ел Периодико“.

Уапсените, наводно, дејствувале по наредба на руски државјанин, чие име не го соопштија ниту полицијата во Барселона, ниту медиумите, и планирале терористички напади врз владите и институциите кои ја поддржуваат Украина, особено во земјите членки на НАТО.

Петмината осомничени ќе бидат изведени пред Националниот суд во Мадрид под обвинение за тероризам и членство во терористичка организација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„ВМРО-ДПМНЕ има повеќе кандидати за градоначалник на Скопје, добро е да има конкуренција“, вели Ѓорѓиевски

Следно

Депај оди во затвор, еве колкава казна му е изречена

Latest from Blog

Ѓоковиќ во финале, Медведев дисквалификуван откако збесна и удри навивач со топче во глава (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја оствари својата 33-та победа во Пекинг! Тој триумфираше над Данил Медведев, кој беше дисквалификуван! Ноле победи по маратонски меч – при резултат 7-5, 5-3, 15-15 – и со тоа

ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА – Јемен ја презема контролата кај Баб ел-Мандеб

Воените сили на меѓународно признатата јеменска влада тврдат дека ја презеле контролата врз стратешката област кај морскиот премин Баб ел-Мандеб од Хутите како дел од новата воена операција наречена „Јеменска зора“. Воениот

Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите
Go toTop