Депај оди во затвор, еве колкава казна му е изречена

February 7, 2025
1 min read

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Барселона, Мемфис Депај е осуден на четири месеци затвор во Монако поради возење во алкохолизирана состојба.

Инцидентот се случил на 6 август 2024 година, кога полицијата го запрела на проверка и му открила 1,01 промили алкохол во крвта. По завршувањето на истрагата, случајот е изведен пред суд, каде Депај доби ефективна казна.

Холандскиот интернационалец во својата богата кариера има настапувано за ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико Мадрид. Во моментов игра за бразилскиот гигант Коринтијанс.

Случувањата фрлаат сенка врз настапот на Депај во неговиот нов клуб и покренува прашања за неговата иднина во професионалниот фудбал. Се очекува Коринтијанс да даде официјална изјава за ова прашање во наредните денови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петмина приведени во Шпанија за планирање терористички напади низ Европа

Следно

Бојчевски во Аргумент плус: Потребно е медицинскиот персонал да се вработува на неопределено време

Latest from Blog

Шкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!

ФОТО:facebook.com/scotlandnationalteam Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на

ВИДЕО | НОВА КРВАВА НОЌ НА РУСКО ТЛО – Украински ракети ја погодија Белоградската област, шестмина загинаа

Украински ракети синоќа ја погодија руската Белгородска област, при што загинаа шест лица, а четворица се повредени. Меѓу повредените е и 14-годишно дете, соопшти вршителот на должноста гувернер, Александар Шуваев. Нападот уследи

Божиновска: Македонија се поврзува со нови извори на гас преку Грција и Србија

Приклучувањето на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор претставува значајна стратешка можност за земјата да ја зајакне својата позиција на европската енергетска карта и да стане важна алка во регионалната и европската гасна
Go toTop