„Петарди НЕ, безбедност пред се“, превентивни активности на МВР

December 21, 2023
1 min read

реклама


На подрачјето на Секторите за внатрешни работи Тетово, Штип, Скопје и Битола вчера биле реализирани низа превентивни активности првенствено фокусирани на учениците, со цел да се спречи употребата на пиротехнички средства во пресрет и за време на претстојните празници, сооптија од МВР.

Во рамки на заедничките активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје „Петарди НЕ, безбедност пред се“, биле посетени две тетовски општински средни училишта, „Никола Штејн“ и „Осми Септември“. Лекари од оваа клиника во содејство и координација со полициски службеници од Отсекот за превенција на Секторот за внатрешни работи Тетово одржале стручни предавања на кои присуствуваа ученици од вкупно 18 паралелки. На предавањата посебно бил нагласен ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето на луѓето, пред се од повреди на рацете, очите и другите делови на телото. Покрај ова, учениците поблиску биле запознати и со законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди и други пиротехнички средства. Во соопштението се посочува дека тие биле информирани и дека продажбата и активирањето на вакви пиротехнички средства, покрај прекршочно може да се санкционира и со кривични пријави, зависно од околностите и крајните последици.

реклама

Вакви предавања за денеска се закажани во уште две тетовски општински средни училишта „Кирил Пејчиновиќ“ и „Моша Пијаде“.

Превентивна активност во рамки на кампањата „Петарди НЕ, безбедност пред се“ била спроведена и од страна на СВР Штип-ОВР Берово со учениците од средното општинско училиште „Ацо Русковски” во Берово, како и од СВР Битола- ОВР Македонски Брод во ООУ ,,Мустафа Кемал Ататурк” во село Пласница.

реклама

Исто така, активност во рамки на кампањата „Петарди НЕ, безбедност пред се“ била спроведена и од страна на СВР Скопје во ОУ „Васил Главинов”, ОУ „Исмаил Ќемали”, ОУ „7-ми Март” и СУГС „Цветан Димов”. Покрај тоа, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе сообраќајна едукативна активност на подрачје на Бит Пазар, во склоп на кампањата „Биди подготвен – користи зимска опрема“. Притоа, на возачите им бил поделен едукативен материјал и им било укажано за потребата од почитување на законската регулатива за задолжително користење на зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март.

Полициски службеници од ОВР Ресен реализирале превентивна активност со граѓаните во насока на заштита од измами и кражби, а ОВР Крушево на тема „користи зимска опрема”, каде на возачите им се укажувало за потребата и законската обврска за задолжителното поседување на зимска опрема во возилата.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И “сајтот“ на Арсовска ја демантира околу загаденоста на воздухот

Следно

Американец по 48 години минати во затвор прогласен за невин и пуштен на слобода

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност
Go toTop