Пред две недели започна реконструкцијата на пет улици во селото Трн, а од денеска се асфалтира и се очекува со асфалтирање да се заврши до в четврток.

Денеска увид во градежните работи извршија градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на Советот, Бојан Бојкоски заедно со надлежните за овој проект.

Реконструкцијата опфаќаше пет улици со вкупна должина од 1021,14 метри, сите широки по 3,5 метри и банкини од двете страни широки од 50 см.
Вкупната вредност на проектот е 7.181.218 денари, а средствата се обезбедени од Министерството за транспорт преку вториот владин повик.

Со ова се подобрува патната инфрастуктура и во руралните средини, а општината останува посветена на подобрување на условите за жителите на Општина Битола.
Вредно е да се напомене дека за кусо време, односно со динамична работа проектот се финализира.


