Пет работи што ќе ви помогнат да се справите со секојдневниот стрес

December 8, 2025
1 min read

Светот околу нас се менува со голема брзина. Темпото кое ни го наметнуваат секојдневните обврски е жестоко, особено ако живеете во град.

Лошата исхрана дополнително го слабее организмот и придонесува кон се поголемо количество негативна енергија. За да ја растоварите вашата психа и организам, придржувајте се кон следните пет совети како да ја исфрлите цела негативна енергија од телото, а притоа да останете верни на своите секојдневни обврски.

1. Длабоко вдишете и издишете

Колку ова да ви се чини смешно, има ефект. Засолнете се на минутка во некоја тивка просторија или ходник и длабоко вдишете и издишете неколку пати. На тој начин вашите отчукувања на срцето ќе се смират, а мозокот ќе добие информација дека се е во ред. Лошите вести отпрвин ви се чинат како да е крај на светот, но во тој момент прво што треба да направите е да запрете, да затворите очи и длабоко да дишете. Запомнете, се ќе биде во ред.

2. Појадок

Иако знаеме дека појадокот е најважниот оброк за подобро да се подготвиме за новиот работен ден, повеќето луѓе не појадуваат, или денот го почнуваат со пиење кафе на празен желудник, што е една од најлошите утрински навики. Интегралната кифла што сте ја купиле во пекарница не е лош избор, но на тоа пециво треба да се додаде барем уште еден јогурт, варено јајце или грст житарки. Со квалитетен појадок ќе му олесните на организмот да се бори со секојдневните предизвици.

3. Вежбање, играње, пеење

Која било активност која ве растоварува е добредојдена. Некому е тешко да се натера на вежбање по напорниот работен ден, особено ако работи физички работи. Меѓутоа, колку и да не ви се станува од каучот, пуштете си ја омилената песна. Не се вели залудно, „во здраво тело, здрав дух“. Трчајте, возете ролерки, велосипед, танцувајте дома или пејте под туш, се со цел под итно да се ослободите од негативната енергија.

4. Изградете си свое место за опуштање

Прво размислете што најдобро ве опушта. Тоа може да биде музика, шолја чај, разговор со пријатели, топла купка, миризливи свеќи… Уредете едно катче во домот или на работното место каде ќе можете да се опуштите. Најбитно е да откриете што ве опушта.

5. Изразете ги своите мисли и чувства

Понекогаш проблемот се наоѓа некаде длабоко во нас и често некаква секојдневна грижа околу некоја работа ќе го прекрие тој извор на негативна енергија, кој всушност е вистинска причина за стрес и незадоволство. Ако тешко се отворате кон своите блиски, обидете да ги запишувате своите мисли, бидејќи водењето дневник е еден од најдобрите издувни вентили. Со исчитување на сопствените мисли можеби ќе откриете која е вистинска причина за негативната енергија и на тој начин лесно ќе дојдете до решение на своите проблеми. Разговарајте со блиските и олеснете си ја душата бидејќи оние кои ве сакаат ќе ви дадат најдобар совет како да се ослободите од своите грижи

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар!

Следно

Ескалација на југоистокот – Тајланд започна воздушни напади, прекинат е „Трамп“ договорот за примирје

Latest from Blog

22,6 милиони денари промет на Македонската берза, Гранит во фокусот на инвеститорите

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 21.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.217,39 поени. Во

Еве што го чека Алварез пред тренинг-кампот на Атлетико Мадрид!(ФОТО)

ФОТО: La Liga/FB Хулијан Алварез се најде во центарот на вниманието откако се појавија нови информации за неговата иднина во Атлетико Мадрид, а ситуацијата меѓу аргентинскиот напаѓач и клубот очигледно станува е

Историски извоз: Агриа за првпат пласираше македонско свинско месо во Албанија

Компанијата „Агриа“ од Велес денеска го реализираше првиот извоз на свинско месо од Македонија во Албанија, со што најголемиот македонски производител на свинско месо започна со пласман на своите производи на странски

Проданоски: Прилеп влегува во најголемиот инвестициски циклус во последните години

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, изврши увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти во Прилеп. Проданоски истакна

Пет лица се исчезнати во пожар во Швајцарија, осум повредени

 Зградата, во која се наоѓале ресторан и станови, е целосно уништена, потврди полицијата во кантонот Граубинден, јавува Би-Би-Си. Полицијата била повикана на пожарот кратко по полноќ, по што речиси 100 пожарникари излегле
Go toTop