Пет години од несреќата кај „Ласкарци“

February 13, 2024
1 min read

Денес се навршуваат пет години од трагичната автобуска несреќа што се случи близу  селото Ласкарци, во која животите ги загубија шеснаесет граѓани на Гостивар и околните места, а над 30 беа повредени. 13 февруари 2019-та година засекогаш ќе биде црн датум за Гостивар и за Македонија, датум на непребол и неизмерна тага.

Автобусот на Дурмо Турс, кој тргнува кон Гостивар од скопската автобуска станица во 16 часот и 15 минути со 51 патник, излета од коловозот, ги проби банкините, падна и се преврте на стариот дел од патот.

Во несреќата животите ги загубија: Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски, Трпана Јаневска, Павле Костоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо и Ерза Османи.

Во нивна чест и сеќавање во Гостивар се поставува пригодно спомен обележје во малиот градски парк, во центарот на градот, веднаш до дрвцата засадени во спомен на жртвите и таблите со нивните имиња.

Пресудата за случајот беше донесена кон крајот на јануари годинава. Обвинетите добија вкупно 39 години затворски казни.

Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд Скопје го прогласи за виновен обвинетиот Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“ и му изрече казна затвор од четири години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари казна затвор од шест години, а на тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боваровски, кои се товарат за соучество во истото дело, им изрече затворска казна од по пет години. Најголема казна затвор од 14 години доби возачот на автобусот, Маноил Трифуновски.

На обвинетите им беше изречена и забрана за вршење професија и должност во времетраење од пет години.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Следно

Хаос на грчкиот остров Родос: Невремето корне дрвја, луѓе заглавени во автомобили (ВИДЕО)

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop