Перински во Аеродром: Проект за нов лик и урбанизирање на просторот позади ТЦ „Капитол“

February 9, 2025
1 min read

Денеска започнаа градежните активности за санација и модернизација на јавната површина позади ТЦ „Капитол“. Овој простор од 4.500 м², кој досега не бил обновуван, ќе се реконструира благодарение на проектот за кој Општина Аеродром доби средства од државниот буџет преку првиот јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни општински проекти.

В.д. градоначалникот, Дејан Митески, заедно со министерот за локална самоуправа и неговиот заменик, Златко Перински и Ерџан Селими, и министерот за транспорт, Александар Николоски, во чиј ресор е проектот, го пречекаа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кого го информираа за деталите на проектот.

Тој вклучува поставување на нова хидроизолација, поплочување со гранитни плочи, нова урбана опрема, клупи, корпи, зеленило и ново осветлување. Вкупната вредност на реконструкцијата е 45 милиони денари.

„Овој проект е доказ дека Владата предводена од премиерот Мицкоски е партнер на локалните самоуправи. Така почнавме и така продолжуваме, сѐ со цел да го подобриме квалитетот на животот на сите граѓани на Република Македонија“, изјави министерот Перински, изразувајќи благодарност за подготвеноста на в.д градоначалникот Митески да ги искористи средствата кои Владата ги става на располагање.

Митески информираше дека Општина Аеродром добила 3,4 милиони евра за осум проекти од првиот повик и најави подготовка за вториот повик, кој ќе донесе дополнителни можности за трансформација на општината. „Летово очекуваме Аеродром да доживее голема трансформација“, додаде в.д. градоначалникот.

Премиерот Мицкоски истакна дека реконструкцијата на овој простор ќе го направи Аеродром уште поубав и пофункционален за граѓаните и ги повика општините да ги подготват своите апликации за вториот јавен повик, кој ќе биде распишан претстојнава недела со олеснителни услови во споредба со првиот повик.

Со денешниот настан, заврши теренската посета на министерот Перински на Општина Аеродром, во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“, на која Аеродром беше првата општина домаќин на серијата посети.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Србија продолжуваат протестите и блокадите на студентите

Следно

АНКЕТА: Политички партии намерно предизвикуваат меѓуетнички тензии со цел да спречат борба против криминалот

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,
Go toTop