Перински: Потегот на Струмица и на Карпош за напуштање на ЗЕЛС ќе има негативни последици за сите останати општини

October 24, 2024
1 min read

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински смета дека најавата на општините Струмица и Карпош за напуштање на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) ќе има негативни последици не само за Заедницата, туку и за сите останати општини. Според него, ЗЕЛС е единствената асоцијација која ги претставува интересите на општините пред Владата.

Тој вели ваквото однесување, сериозно ја нарушува позицијата на ЗЕЛС затоа што само единствен ЗЕЛС може да биде сериозен партнер на Владата во разговорите за унапредување на системот на локалната самоуправа и на развојот на општините.

„Ваквите потези не се решение. Со пренасочување на вниманието и политизирање на случајот, губат сите, а најмногу граѓаните“, вели Перински во изјава за МИА.

Градоначалниците на Карпош и на Струмица најавија дека ќе ја напуштат ЗЕЛС. Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов рече оти одлуката е донесена во знак на револт поради индиферентниот однос во периодот кога струмичани се соочуваат со забрана за водата за пиење, како и по одбивањето од Владата за реализација на единствениот пријавен проект од оваа општина со средства од унгарскиот кредит.

Костадинов најави и дека ќе поднесе оставка и од функцијата член на Управниот одбор во ЗЕЛС.

Исто така и градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски, вчеравечер најави дека ќе му се придружи на Костадинов и на Општина Струмица во најавата да ја напуштат ЗЕЛС. Рече дека одамна се подготвувал за ваквиот потег.

Тој посочи дека истото треба да го направи и градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, оти градот е главен финансиер на ЗЕЛС, а за возврат не добива ништо.

По ваквите најави на Костадинов и Јакимовски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, упати апел до нив „да се вразумат“ и да ја преиспитаат својата одлука за излегување од Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен 62-годишен штипјанец, сакал да силува 30-годишна жена

Следно

Советот за безбедност на ОН најостро го осуди терористичкиот напад врз ТУСАШ

Latest from Blog

ЕФА бара меѓународна заштита за Македонците во Грција: Пријавени притисоци и прекини на фестивали

Пријавите за прекинати фестивали и заплашување се надоврзуваат на долгогодишните спорови за јазикот идентитетот и правото на здружување Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) побара меѓународна

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,
Go toTop