Пензионери осудени за попречување на Вимблдон, еве каков „циркуз“ направија

February 26, 2024
1 min read

Лондонскиот Суд за прекршоци прогласи денеска за виновни тројца еколошки активисти, членови на организацијата „Запрете ја нафтата“ (Just Stop Oil) поради попречување на тениските натпревари на Вимблдон и им изрече условни казни од шест до 18 месеци.

Тројцата пензионери, Дебора Вилд (69), Вилијам Вард (66) и Симон Милнер – Едвардс втрчаа на 5 мај лани на тениските терени на Вимблдон и накратко прекина два натпревари, фрлајќи на тревата конфети и делови од сложувалки.

Вилд и Милнер-Едвардс го прекинаа дуелот од првото коло на теренот број 18 меѓу Бугаринот Григор Димитров и Јапонецот Шо Шимабокуро, додека два часа подоцна Вард на истиот терен го прекина натпреварот меѓу Британката Кети Болтер и Австралијката Дарија Савил.

Тројцата обвинети, кои самите се застапуваа на судот, признаа дека влегле на теренот, но ги отфрлија обвиненијата за тежок престап.

„Запрете ја нафтата“ е организација која настојува да влијае врз британската Влада да забрани експлоатација на нови наоѓалишта на нафта или природен гас. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата: Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари

Следно

Ќерката на Џеј Рамадановски гордо го покажа трудничкиот стомак, нејзините фанови не им веруваат на гинеколозите

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop