Пентагон создаде канцеларија за менаџирање на перцепцијата

May 6, 2023
1 min read

Американската политика стана опседната со надворешните влијанија по приказните дека Русија се вмешала во нивните избори во 2016-та. Теза која досега неколкукратно е раскринкана со студии (види: Руското мешање во американските избори 2016 на Твитер немало никакви резултати), дури и од тинк-тенкови на Пентагон.  

Истовремено, таа фама беше користена како маска за шпионирање свои граѓани, како во случајот со тинк-тенкот наречен „Алијанса за обезбедување демократија“, кој следел 600 Твитер сметки, наводно поврзани со „активности на руското влијание“ за кои се покажа дека се обични Американци, Канаѓани и Британци (види во: 279 лаги, за само една тема, од само еден медиум).

Таа опсесија го изнедри Законот за борба против странска пропаганда и дезинформации по кој Стејт Департментот го снова GEC (Global Engagement Center) чија улога е „да им контрира на странските дезинфомрации со јакнење на американската пропаганда.“

Есента 2017-та, ФБИ го формираше FITF (Foreign Influence Task Force). Во 2018-та, Департментот за внатрешна безбедност го создаде CGITF (Countering Foreign Influence Task Force) кои во 2021 беше надградени со тимови за дезинформации, како и FIIB (Foreign Influence and Interference Branch) а лани воспоставија и DGB (Disinformation Governance Board).

Малку е. Пентагон неодамна формирал „Канцеларија за менаџирање на влијанието и перцепцијата“ која ќе има ингеренции врз 4 слични тела само во Департментот за безбедност како и врз агенции со слични активности во ФБИ и Стејт Департментот.

Ако не беа доста кратенки, новата канцеларија ќе биде дел од новоформираниот FMIC, односно Foreign Malign Influence Center. Неговото формирање беше обелоденето дури после едно новинарско истражување на Интерсепт.

И покрај ваквата огромна мрежа за менаџирање на информации и дезинформации, по упадот на Трампистите во Капитол, некои американски сенатори тврдеа дека тој упад е дело на иранските служби.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Поради „нероден Петко“ Министерството за култура ѝ направи „бесилка“ на Филхармонија

Следно

Ново издание на 360°: Дали македонскиот изборен модел треба да биде уште попропорционален?

Latest from Blog

Стентон Градба ја обнови јужната трибина на „Петар Милошевски“ – Битола доби современ фудбалски дом

Градежната компанија Стентон Градба ја заврши реконструкцијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, обезбедувајќи младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година да ги одигра домашните квалификациски натпревари во

Изет Меџити: Чаир станува пример за модерно предучилишно образование

Општина Чаир продолжува да поставува нови стандарди во предучилишното образование, со цел да обезбеди квалитетна грижа и образование за најмалите. Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е и

Притвор за игуменот и други пет лица уапсени за продажба на икони и реликвии во Грција

Мерка притвор им е одредена на игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез, на неговиот помошник и на уште четрири други лица кои во понеделникот беа уапсени за поседување
Go toTop