Пентагон и Трамп: Ја уништивме иранската нуклеарна програма – САД ги бомбардираа клучните три центри во акција наречена „Полноќен чекан“

June 22, 2025
2 mins read

Американската авијација ги нападна трите главни нуклеарни постројки на Иран. Иако на Техеран му даде две недели да постигне договор,  Доналд Трамп реши да се приклучи на воената кампања на Израел, одлука која ризикува да отвори нова ера на нестабилност на Блискиот Исток.

За Трамп, мисијата е успешна, сите цели се погодени, а американските авиони безбедно го напуштиле иранскиот воздушен простор. Во телевизиско обраќање до американците, опкружен од потпретседателот Џеј Ди Ванс, секретарот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио, Трамп ги предупреди иранските власти да бидат внимателни со следните потези кои планираат да ги превземат.

„Или ќе има мир или ќе има трагедија за Иран, многу поголема од она што го видовме во последните осум дена ..Запомнете, останаа уште многу цели.“ – Доналд Трамп претседател на САД.

Од иранската влада порачуваат дека во никој случај нема да престанат да работат на развој на нуклеарната енергија, уште еднаш повторувајќи не планираат да произведат нуклеарна бомба. Во однос на локациите кои беа цел на напади на американската авијација, тврдат дека резервите на збогатен ураниум претходно биле преместени и дека таму не останале никакви суровини кои, во случај на напад, би можеле да предизвикаат зрачење. Според првиот човек на министерствот оза надворешни работи, Абас Арагчи, нападите ја уништиле секоја можност за дипломатија со Американците или Европејците.

„Светот не смее да заборави дека САД, сред дипломатскиот процес, ја предадоа дипломатијата. Минатата недела бевме во преговори со САД кога Израел одлучи да ја урне таа дипломатија. Оваа недела одржавме разговори со EУ кога САД одлучија да ја урнат таа дипломатија. Каков заклучок би се извлекол?“ – Абас Арагчи министер за надворешни работи на Иран.

На страната на Трамп застана Израелската влада. Министерот за одбрана тврди дека целта на нападите врз трите ирански нуклеарни објекти беше да се гарантира дека Иран не поседува нуклеарно оружје. Бенјамин Нетанјаху пак ги оцени нападите како потенцијална пресвртница во историјата на регионот.

„Историјата ќе се запише бидејќи претседателот Трамп дејствуваше за да го отфрли најопасниот режим во светот, најопасното оружје во светот.“ – Бенјамин Нетанјаху премиер на Израел.

Реакции на ЕУ и НАТО по американскиот напад врз Иран. Високата претставничка на унијата за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, побара од сите страни да се вратат на преговарачката маса. Од Алијансата велат дека ја следи ситуацијата додека пак претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитри Медведев откри дека неколку земји се подготвени да му го предадат своето нуклеарно оружје на Техеран. На Американскиот претседател пак му порача дека наместо миротворец, како што се преставуваше за време на изборната кампања, започнал нова војна.

„Со таков успех, Трамп никогаш нема да ја види Нобеловата награда за мир, дури и покрај подмолноста на оваа номинација. Добар почеток, честитки, господине претседателе.“ – Дмитри Медведев претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Од Обединетие Нации предупредуваат дека постои голем ризик конфликтот брзо да излезе надвор од контрола, со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот.

„Нема воено решение. Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот.“ – Антонио Гутереш Генерален секретар на Обединети Нации.

Сирените за тревога и денеска се огласија ширум Израел. Иранската државна телевизија објави дека десетици ракети се лансирани кон Израел откако најблискиот сојузник на Тел Авив, САД, бомбардираше неколку ирански нуклеарни постројки. Израелскиот воздушен простор е затворен. Израел веќе еднаш ги затвори границите на 13 јуни по нападот врз Иран, но повторно беа отворени во петокот за летови кои требаше да ги вратат Израелците заглавени во странство. Во меѓувреме, зголемено е нивото на тревога низ целата земја, а дозволени се само одредени активности.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За СДСМ првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е најдобро да е со слоганот „Македонија понижена“

Следно

Филипче: Ова не е промената која граѓаните ја бараа, понижени се работниците, земјоделците и младите

Latest from Blog

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон

Брендан Роџерс има нов клуб

Некогашниот менаџер на тимот на Ливерпул, Брендан Роџерс е нов кормилар на тимот на Ал Кадисија од Саудиска Арабија, објави „Атлетик“. Искусниот стратег кој во моментов има 52. години веќе е на

Димитриеска Кочоска за партнерството со САД: Работиме на посилна буџетска отчетност, зајакнување на институциите и развој

Денеска го одбележавме значајното партнерство меѓу Министерството за финансии и САД, кое со години придонесува за градење модерен, транспарентен и одговорен систем на јавни финансии, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Проданоски: Празнична атмосфера и европски дух на плоштадот во Прилеп

На плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп денеска се одржа германски Божиќен базар, кој во празнична атмосфера обедини ученици, наставници, граѓани и гости од повеќе општини низ државата. Настанот беше исполнет
Go toTop