Пендаровски: „За жал, многу врати се отвораат за оние што го разбираат јазикот на корупцијата“

December 13, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, рече дека една третина од граѓаните биле изложени на коруптивен притисок, јавува Анадолу.

Претседателот Пендаровски се обрати на шестата пленарна конференција на Националната конвенција за Европска Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), на тема „Национална конвенција за Европска Унија: Темелни општествени вредности за европска иднина“.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски рече дека, според истражувањата, барем една третина од македонските граѓани изминатава година биле изложени на коруптивен притисок, додавајќи дека „за жал, многу врати се отвораат и многу услуги стануваат достапни за оние што го разбираат јазикот на корупцијата“.

„Ефектите од корупцијата се засилуваат преку правните дупки и нејаснотии, што лесно се злоупотребуваат за да се корумпира и за да се избегне одговорност. Загрижувачки е кога примената на правото зависи од ‘вештината’ на толкување на оние што треба да го имплементираат, па, често законската терминологија добива различно, некогаш и спротивно значење од изворното. На крајот од денот одговараат оние што се огрешиле пред законот, но кои немаат со што да ‘тргуваат’ за да ја откупат својата слобода“, рече Пендаровски.

Тој нагласи дека за драстично редуцирање на корупцијата мора да се инсистира не само на истраги туку на правосилни пресуди, додавајќи дека на тој начин се покажува дека законите важат подеднакво за сите, дури и за најмоќните и најбогатите.

Свој говор имаше и амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир, кој истакна дека борбата против корупцијата и владеењето на правото се основа за вреднување на напредувањето на Северна Македонија на патот кон членство во Унијата.

Тој потсети дека според извештајот на Европската комисија за Северна Македонија, објавен во ноември, во земјата не е забележан напредок во овие клучни области.

„Отсуството на ефективен и независен правен систем значи дека злоупотребите не се проверуваат, правата не се почитуваат, нееднаквоста расте, конкуренцијата и иновациите се задушуваат, а, уште полошо, граѓаните стануваат уморни и цинични за државните институции, па дури и за можноста за промена“, рече Гир.

На настанот присуствуваа и владини претставници, пратеници, дипломати, претставници на судски институции и експерти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аврамовска-Мадиќ: Мошне скоро очекуваме одговор кога најбрзо би бил екстрадиран Палевски

Следно

Потпишан протокол за соработка помеѓу ИСАМ и Московскиот исламски институт

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop