Пендаровски: Велеа дека кривичниот законик бил за Груевски да се врати, по еден месец никаде не го гледаме Груевски

October 19, 2023
1 min read

реклама


Претседателот Стево Пендаровски вечерва ќе биде гостин во ТВ21 во најновото издание на „Клик Плус“.

Со Пендаровски зборуваме на многу теми, а една од нив е Кривичниот законик. Претседателот демантира дека Кривичниот законик е своевидна амнестија на Никола Груевски, а исто така кажа дека тој не го потпишал законот за да се „додвори“ на СДСМ и ДУИ за нов претседателски мандат.

реклама

„Опозицијата е последната која треба да реагира во основ на Кривичниот законик. Дали е точно дека опозицијата направи кворум? Можеше да не направи. Законот беше со европско знаменце, добро, три дена е, но тие знаеле дека да чукаат со тенџериња во Собрание кога се носеле некои закони, и не мораа да влезат внатре да направат кворум. Кое е обвиниувањето кон мене, на што се потпира? За да се додворам на СДСМ и ДУИ за нов претседателски мандат? Еве јас ќе кажам неколку апсудри… Дали е точно со измените е опфатен Милошоски и неговиот татко? Опфатен е. Дали е опфатен Јанушев? Опфатен. Дали е точно дека и процесот Сончев Град и првообвинет Миле Јанакиески е опфатен, и беше Димитар Димовски член на ВМРО-ДПМНЕ? Значи јас се додворувам кон СДСМ и ДУИ да ми дадат втор мандат, дали Мицкоски и неговата екипа мислат дека тоа што го потпишав Законот е за таткото на Милошоски, потоа на Јанушев, Јанакиески да ми дадат втор мандат? Потоа слушнав, демек, тоа било скриена амнестија заГруевски за да се врати. Еден месец се на сила овие закони, не го гледаме Никола Груевски“, кажа Пендаровски.

Целото интервју на Пендаровски гледајте го вечерва од 21:30 часот на ТВ21 и на социјалните мрежи.

реклама

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден избегна да одговори на прашањето дали Израел во Газа дејствува во согласност со законите на војната

Следно

Пендаровски: Ме иритира тоа што нема никој да одговара за прислушувањето, и јас бев една од жртвите

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop