Пендаровски со правниот тим ќе ги разгледува законските измени за изградба на коридорите

May 27, 2023
1 min read

Во следните денови шефот на државата ќе донесе одлука дали и кои укази ќе бидат потпишани

Претседателот на државата Стево Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледа измените на законите поврзани со коридорите 8 и 10-д донесени вчера од Собранието, посочуваат од Кабинетот на Претседателот. Дури потоа Пендаровски ќе излезе со став и ќе каже дали и кои укази ќе бидат потпишани.

„Вчера попладне во Кабинетот на претседателот се пристигнати законите. Во следните денови ќе бидат разгледани од претседателот и ќе биде донесена одлука дали и кои укази ќе бидат потпишани. Бидејќи се повеќе закони, ќе треба неколку дена претседателот да ги разгледа со својот правен тим“,

велат оттаму.

Собранието на вчерашното продолжение на 115-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на петте закони поврзани со реализацијата на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10-д.

Законите што претходно ги разгледуваше Комисијата за европски прашања беа усвоени со по 62 гласа „за“ и по 43 „против“. Единствено за Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, против гласаа 44 пратеници.

Другите четири закони што ги донесе денеска Собранието со по 62 гласа „за“ се: Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка; Закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка; Закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка и Закон за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10-д (делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Владејачкиот СДСМ денеска преку писмено соопштение до медиумите се пофали со изгласаниот пакет закони поврзани со изградбата на коридорите.

Премиерот Димитар Ковачевски, пак, изјави дека претседателот на државата ќе го каже својот финален збор во однос на законските решенија неопходни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“, а неговото лично мислење е дека овие законски измени се потребни.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ученици од „Рибникар“ на гости кај фудбалерите на Црвена Ѕвезда

Следно

Дебата: Зошто САД и Германија вршат огромен притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за Бугарите во Уставот? (ВИДЕО)

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop