Пендаровски: Шансите да се кандидирам за втор мандат денеска се поголеми отколку да не се кандидирам 

December 11, 2023
1 min read

реклама


Ако ме прашувате денес, шансите да се кандидирам се поголеми отколку да не се кандидирам, одговори претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за „360 степени“ на МРТ 1, на прашањето дали повторно ќе се кандидира на претседателските избори следната година. Според него, поддршката од политичките субјекти, но не помалку, ако не и повеќе, поддршката од граѓаните, ќе бидат клучни во носење на неговата одлука.

„Во 2014 година зад мојата кандидатура застанаа 18 политички партии, во 2019 застана 31 политичка партија. Повторно, само со поддршка на политичките партии не е можно да бидете претседател. Потребен е и граѓанскиот дел, што не е врзан со политичките партии, да се реши да ви даде глас, затоа што само со збирот, или акумулацијата на само партиските електорати, не може да станете победник“, изјави претседателот Пендаровски.

реклама

Според претседателот добра одлука е претседателските и парламентарните избори да се одржат заедно, пред сѐ од финансиски аспект, како и поради обезбедување на подобра политичка мобилизација и излезност на граѓаните, што е важно и за легитимитетот на избраните политичари.  

„Не може некој да ме убеди, ако вие имате рејтинг,  или немате рејтинг во април, вие ќе го додадете или изгубите во јуни“,  одговори претседателот коментирајќи дека за него не игра голема улога дали изборите ќе бидат двојни или поединечни,  доколку се кандидира за втор претседателски мандат. Во однос на прашањето дали смета дека ДУИ може да ги мобилизира своите гласачи ако го поддржат на претседателските избори, претседателот изјави дека сите албански политички партии ќе имаат проблем да го мобилизираат своето членство, ако во вториот круг останат двајца Македонци.

реклама

Тој смета дека резултатите од анкетите не се лоши, но се однесуваат на претпоставената сила на политичките субјекти, а она што потешко се мери е граѓанскиот електорат, кој не е поврзан со политичките партии, а коишто на анкетите, над 60 %, се изјаснуваат дека во принцип не се заинтересирани за гласање.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реорганизацијата на Клинички центар ќе биде до крај на мај или почеток на јуни исднава година

Следно

Пендаровски ќе го бара Ердоган за екстрадицијата на Палевски

Latest from Blog

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше
Go toTop