Пендаровски: Руската агресија е војна на една диктатура против една демократија

February 24, 2023
3 mins read

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на конференцијата насловена „Украина – година на хероизмот“, организирана од невладината организација ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија, а одржана на денот кога започна руската инвазија врз Украина.

Денес, изминува точно една година од почетокот на бруталната руска воена агресија врз Украина, која го втурна украинскиот народ во невидени страдања, загуба на човечки животи и ужасна деструкција. А, сите нас останатите не соочи со фактот дека во Европа повторно се води крвав конфликт кој предизвикува хуманитарна, економска, енергетска и безбедносна криза. Станува збор за трагедија која влезе во нашите домови, во нашите мисли и пред која немаме право да останеме без зборови.

Паметам дека во февруари минатата година, во предвечерието на агресијата, на Минхенска безбедносна конференција, најоптимистичките прогнози беа дека во случај на напад, Украина нема да може да издржи повеќе од две недели. Но, Украина издржа, решена по секоја цена да ја сочува својата независност. Украина, која изминатите месеци ја плати борбата за демократија со илјадници човечки животи, покажа дека дефинитивниот избор на секој народ се демократијата и слободата, а не тиранијата и насилството, истакна во своето обраќање Пендаровски.

Посочи дека ниту една агресија не може да биде оправдана, независно дали ги следите академските дефиниции или реалниот живот.

-Не постои никаков сомнеж дека рускиот напад врз Украина претставува директно кршење на меѓународниот поредок и системот на безбедносна архитектура кој требаше да овозможи траен мир, стабилност и просперитет во Европа по завршувањето на Студената војна. Русија ги прекрши сите меѓународни правни акти во тој контекст и во текот на изминатата година, нејзините војници извршија грозоморни злосторства врз многубројни украински цивили, акти несвојствени за една цивилизирана држава.

Сликите и сведоштвата од Буча, Ирпињ, Мариупол, Херсон, Харков и другите украински градови и села говорат за отсуство на базичното чувство за хуманост на руската воена машинерија, но, сведочат и за тоа до каде може да доведе една анахрона и автократска политика кога за архитектите на оваа војна ниту илјадниците мртви на нивна страна не се доволна причина за запирање на спиралата на безумие. На страната на демократскиот дел од светот не смее да има никакво двоумење дека сите злосторства треба да бидат детално истражени, а виновниците соочени со правдата.

Сцените кои секој ден ги гледаме пред нашите очи од украинските градови и села говорат за храброста и нескршливиот дух на украинскиот народ, што е најсилна потврда дека оружјето на агресорот не е посилно од вербата во слободата и љубовта кон татковината. Жртвата која денес ја прави украинскиот народ е порака за сите оние кои сеуште калкулираат и анализираат за тоа како треба да заврши оваа војна. За секое морално човечко суштество единствен праведен исход треба да биде ослободување на целата територија на Украина.

Нема дилеми дека Украина е веќе морален победник во овој конфликт бидејќи успеа зад својата кауза да го обедини демократскиот свет кој покажа невидена солидарност и поддршка во спротивставување на газењето на човековите права и посегањето по слободата на другиот. За сите оние кои мислат со својата глава нема никаква дилема дека руската агресија е војна на една диктатура против една демократија. Војна на минатото против просперитетот и во тој судир демократскиот свет нема право на пораз.

Токму поради ова, уште на самиот почеток, како држава, заедно со нашите сојузници во НАТО Алијансата понудивме поддршка и продолжуваме и понатаму да асистираме со хуманитарна, техничка и воена помош која е потребна за да се намалат загубите, санираат штетите и да се извојува конечната победа.

Во светло на се почестите предвидувања последниов период дека агресорот се прегрупира, засилува и подготвува офанзива долж источниот и јужниот фронт, единството на демократскиот свет и натамошната робусна поддршка на Украина е исто толку важна колку и решеноста на украинскиот народ да ја извојува победата. Во оваа смисла може само да радува фактот дека изминативе недели клучните европски сојузници, заедно со Соединетите Американски Држави донесоа важни одлуки за конкретна воена и економска помош на Украина што ќе овозможи одбрана и потиснување на руските сили надвор од окупираните територии. Јасно е дека само на тој начин можат да бидат создадени услови за крај на војната и обезбедување гаранции дека никогаш повеќе Украина и Европа нема да се соочат со егзистенцијални закани и конфликти од девастирачки размери.

Во овој контекст е важно да потенцираме дека изборот за тоа кога и под кои услови ќе настапи мирот е најправедно да го направат самите украински граѓани, кои се борат за сопствениот опстанок. Нашата поддршка на нивните напори ќе продолжи да биде недвосмислена и конкретна, бидејќи легитимирањето на агресијата како средство за постигнување на било која цел, е не само недозволено, туку и неморално во свет во кој основна вредност е човечкиот живот.

Светот во кој моќта на агресорот е посилна од мирот и демократијата би бил опасно место за живеење во кое перманентната нестабилност би била нашата „нова нормалност”. Сите слободоумни и мислечки луѓе не смеат да дозволат да живееме во таков свет, вели Пендаровски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Четворица скопјани уапсени за дрога

Следно

Се очекува Вучиќ и Курти да го прифатат европскиот предлог

Latest from Blog

Митева: 200 проценти поголем буџет за информациски и комуникациски проекти на Министерството за дигитална трансформација во 2025-та година

Вкупниот проектен буџет за информациски и комуникациски проекти на Министерството за дигитална трансформација за 2025 година е поголем за 200 проценти, споредено со претходните години – од 154 милиони денари во 2023,

Мисајловски оствари средба со амбасадорката на Државата Израел

Денеска остварив средба со амбасадорката на Државата Израел, Н.Е Симона Франкел, објави Владо Мисајловски, министер за одбрана. На средбата разговаравме за можностите за продлабочување и унапредување на одбранбената соработка помеѓу двете земји

Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта

Во зградата каде што се наоѓаат Кантоналниот суд во Сараево и Општинскиот суд Сараево, утрово е пријавено дека е поставена бомба. Според информациите, припадниците на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска преку проектот „ЕУ за чист воздух“ доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од Европската унија.   — Оваа активност која денес ја спроведуваме
Go toTop