Пендаровски: На Западен Балкан не му е потребен политички симболизам, туку конкретна политичка одлука

October 14, 2023
1 min read

реклама

Европската унија мора да покаже поголема грижа за регионот. На претстојниот декември самит Европскиот Совет има можност да донесе одлуки за побрза интеграција на Западен Балкан, наместо да го одложува тоа прашање за по европските избори, порача претседателот Стево Пендаровски, на Регионалната конференција „Интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ-предизвици и перспективи”, што се одржува денеска во Скопје, во организација на Подгоричкиот клуб и Универзалната мировна федерација.

Според Пендаровски, неспорно е дека со кандидатскиот стаус им се дава симболична поддршка на Украина и на Молдавија, во исклучително тежок период и тоа е добро, но, како што истакна, на Западниот Балкан не му е потребен политички симболизам, туку конкретна политичка одлука. 

реклама

Базирајќи ги своите одлуки за Украина и за Молдавија врз геополитичкиот резон наместо врз традиционалната агенда на реформи и перформанси, според Пендаровски, Унијата започнала да наликува на НАТО. 

-Ако ЕУ навистина има амбиции да биде геополитички играч мора прво да  го заокружи и обезбеди својот европски геополитички простор преку интеграција на Западниот Балкан, рече Пендаровски.

реклама

Тој потенцираше дека динамиката на проширувањето на ЕУ и проширувањето не смее да зависи од кризи, како и дека актуелните случувања во Косово и процесите во Босна и Херцеговина се потсетување дека не смее да се занемарат отворените прашања и невралгичните точки што имаат потенцијал да го дестабилизраат нашиот регион, а преку него и самата Унија.

На конференцијата се предвидени обраќања и на поранешниот претседател Бранко Црвенковски,  претседателот на Собранието Талат Џафери, како и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

реклама

Конференцијата во Скопје е дел од циклусот настани поврзани со мирот и безбедноста во Западен Балкан одржани во последните две години во соработка на Подгоричкиот клуб и Универзалната мировна федерација.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Забранетата колумна од Фокус за еден владин ,,сељачина” излезе во јавноста

Следно

Високиот претставник на ЕУ, Борел, ја спореди Газа со Украина: „Не можете да ја прекинете водата на населението“

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop