Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Литванија, Едуардас Борисовас

January 23, 2024
1 min read

Претседателот на државава Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Едуардас Борисовас, новоименуван амбасадор на Литванија во Северна Македонија, со седиште во Загреб.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, изрази задоволството од високо развиените билатерални односи помеѓу двете пријателски држави, за кои оцени дека ги карактеризира интензивен политички дијалог и партнерски односи, со надеж за поголема трговска и економска соработка.

-Со отворањето на канцеларијата во Скопје на Амбасадата на Литванија од Загреб, во ноември 2023 година, очекуваме продлабочување на меѓусебната соработка и интензивирање на политичката, економската, безбедносната, културната и социјалната размена помеѓу нашите држави. Во ова светло, новоотворената канцеларија посакуваме во блиска иднина да прерасне во амбасада, со што ќе биде и прва амбасада во Скопје на една балтичка земја, рече претседателот Пендаровски.

Истакнувајќи дека Литванија е важен партнер на Северна Македонија и сојузник во рамки на НАТО, претседателот Пендаровски изрази огромна благодарност за безрезервната и гласна поддршка што Република Литванија во континуитет ја дава на нашиот евро-интегративен процес.  

Амбасадорот Борисовас, на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази цврсто уверување дека за безбедна Европа потребна е силна безбедносна архитектура, во која и големите и малите земји ќе се чувствуваат особено заштитени со меѓународното право, под покривот на безбедносниот чадор на НАТО.

-Обединети од заедничките цели за постигнување безбедна, обединета и просперитетна Европа, позицијата на Литванија е цврста и јасна: Северна Македонија мора што поскоро да стане членка на Европската Унија. Подготвени сме да ги поддржиме напорите на Вашата земја и да продолжиме да ја споделуваме нашата експертиза за интеграцијата во ЕУ, рече амбасадорот Борисовас.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Борисовас, како што е наведено во соопштението, му посака успешно извршување на одговорната функција.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ковачевски брои денови како премиер – кои се процедурите за преодна влада?

Следно

Македонија ќе купи осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо“

Latest from Blog

Почина тригодишно девојче, кое беше извадено од хотелски базен на островот Родос, 12 дена се борела за живот

Девојчето починало во недела, 26 октомври, по 12-дневна борба за живот. Девојчето првично било хоспитализирано во Родос, потоа префрлено со хеликоптер во болница на Крит, а потоа во Велика Британија, каде што

Били Ајлиш не сакајќи кажа колку милиони има на сметката, откако им се нафрли на милијардерите (ВИДЕО)

Нејзиниот говор на доделувањето на наградите за иноватори на списанието WSJ за 2025 година во Њујорк го постави прашањето: Колку навистина вреди Били Ајлиш? Нејзиното нето богатство се проценува на околу 53

Запленети над 50.000 фалсификувани играчки „Лабубу“

Првите заплени започнаа кон средината на септември во експресен товарен центар во регионите Сена и Марн, кога беа пронајдени палети од Белгија што содржеа 7.392 плишани играчки и 8.624 фалсификувани пакувања, објави

Силна експлозија во рафинерија за нафта во Ново Мексико, неколку повредени

Силна експлозија се случи денес во рафинерија за нафта во американската држава Ново Мексико, а официјални лица изјавија дека има повредени. По експлозијата, густ чад се издигнал над зградата, а противпожарната бригада
Go toTop