Пендаровски: Бошњачката заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно, мултирелигиозно и мултиетничко општество

September 28, 2023
1 min read

реклама



Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

-Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна Македонија, на сите припадници на бошњачката етничка заедница да им го честитам 28 Септември ‒ Меѓународниот ден на Бошњаците и најискрено да посакам денешниот ден да го поминат во добро расположение, исполнети со радост, среќа и бериќет. Бошњачката заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно, мултирелигиозно и мултиетничко општество и со останатите заедници суштински придонесува за напредок и развој на нашата татковина. Преку празнувањето на 28 Септември уште еднаш упатуваме порака за заедништво и сплотеност. Со почитувањето и споделувањето на културните различности и традиции сме поблиску до остварувањето на нашата заедничка цел ‒ демократска, просперитетна, развиена Република Северна Македонија, истакнува во честитката претседателот Пендаровски.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Узбекистан: Во експлозија во складиште во Ташкент загина едно лице, а 163 се повредени

Следно

Во Музејот на град Скопје се отвора изложбата „Загреб“ на фотографот Лука Мједа

Latest from Blog

Рјабков не исклучи нова воена операција на САД против Иран

„Ситуацијата на Блискиот Исток изгледа алармантно, Американците повторно преместија огромен број ударни системи таму, ден по ден го зголемуваат притисокот, се закануваат со употреба на сила и продолжуваат со обидите за дестабилизација

Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор. На

Божиновска оствари низа средби со претставници од Шведска, Холандија и Marmara Group со фокус на зелена транзиција и инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари серија значајни средби со меѓународни партнери – претставници на Шведска, Холандија и Marmara Group, со цел унапредување на соработката во областа на

Божиновска бара шведска експертиза и холандски иновации за енергетскиот сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери од Шведска, Холандија и со претставници на Marmara Group, со фокус на унапредување на соработката, привлекување
Go toTop