Пеколно лето и во Кина: Измерени рекордни 52,2 степени

July 17, 2023
1 min read

Претходниот рекорд во Кина беше 50,3 степени, измерен во 2015 година

Покрај Европа и САД, и азискиот континент деновиве е погоден од летните горештини, а вчера во кинескиот град Санбао беше измерена рекордна температура.

Градот се наоѓа во провинцијата Синџијан на северозападот на Кина, каде што вчера температурата била 52,2 Целзиусови степени.

Според извештаите, се очекува рекордната жештина да трае уште најмалку пет дена.

Претходниот рекорд од 50,3 Целзиусови степени беше измерен во 2015 година во близина на Ајдинг, во Синџијанг.

Рекордно високите температури со кои се справува Кина изминатиов период предизвикаа проблеми со снабдувањето со електрична енергија и земјоделските култури. Се стравува и од повторување на минатогодишната суша, која ова лето се заканува да биде и најлоша во последните 60 години.

Горештините не попуштаат ниту во САД. Од Флорида преку Тексас до Калифорнија, голем дел од југот вчера беше погоден од топлотен бран што синоптичарите го опишаа како „задушувачки“.

Во познатата Долина на Смртта, во Калифорнија, во сабота навечер беа измерени дури 51 Целзиусов степен, а се очекува температурата да достигне дури 54 степени.

Покрај високите температури, Калифорнија ја зафатија и големи пожари кои досега изгореа над 1 214 хектари, а жителите се евакуирани.

Високи температури бележат и европските земји, меѓу кои и нашата држава. Северна Македонија се наоѓа во портокалова фаза која се очекува да се задржи и наредните десетина дена, а температурите на некои места да бидат над 40 степени.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина поддржува „балансирана, целосно имплементирана“ Иницијатива за жито преку Црно Море

Следно

Додека работиш филм, и ти самиот си во филм

Latest from Blog

,,Доктор Филипче потпиша евтаназија на СДСМ‘‘

„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!‘‘. Оваа порака со која поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов

Зидан се појави на КАФ за да навива за својот син кој брани за Алжир

Легендарниот француски фудбалер, Зинедин Зидан, беше присутен на трибините на стадионот „Мулај Ел Хасан“ во Рабат на натпреварот меѓу Алжир и Судан на Купот на африканските нации. Причината е тоа што неговиот

Песков: Преговорите за Украина треба да се водат зад затворени врати

Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Во својата изјава за РБЦ,

Се претера и со „српскиот свет“ во Македонија – Цуле Покорни од СДСМ пишува соопштенија за Манасије Српски од ВМРО-ДПМНЕ

Чудно, зошто во секое соопштение на СДСМ мора да се хејта Вучиќ, да се хејтаат „ќаците“, да се хејта сè што е српско во Македонија и поради тоа маркирано како блиско до
Go toTop