Кина поддржува „балансирана, целосно имплементирана“ Иницијатива за жито преку Црно Море

July 17, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кина денес ја поддржа „целосно спроведената“ Иницијатива за жито преку Црно Море, јавува Анадолу.

„Кина се надева дека Црноморската иницијатива за жито ќе продолжи да биде балансирана и целосно имплементирана“, рече Мао Нинг, портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи.

Мао рече дека Кина, исто така, ги предложила своите иницијативи за меѓународна соработка за безбедноста на храната, објави пекиншкиот весник „Глобал тајмс“.

„Кинеската страна е подготвена да ги подобри комуникацијата и соработката со сите страни за да поттикне поголем меѓународен консензус и да обезбеди глобална безбедност на храната“, рече Мао.

Пред една година Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа Договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црно Море, кој беше запрен по почетокот на руско-украинската војна во февруари.

Договорот се очекува да истече денес доколку не биде одобрено продолжување.

Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за да ги надгледува пратките.

Сепак, руските власти навестија дека овој месец би можеле да го блокираат продолжувањето на Договорот за жито, жалејќи се дека делови од Договорот за дозволување на рускиот извоз останале неисполнети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција: Во последните 24 часа избувнале 46 шумски пожари

Следно

Пеколно лето и во Кина: Измерени рекордни 52,2 степени

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop