Пеглани пиперки по стар рецепт

September 2, 2025
1 min read

Подготовките за зимската сезона се во полн ек, а ви донесуваме вкусен рецепт со црвени пиперки на кои никој не можеше да им одолее.

Дополнителен плус е што оваа салата е многу лесна за подготовка, па нема да ви одземе многу време, а ќе имате неверојатен прилог цела зима.

Состојки:

5 кг црвени пиперки
100 гр. шеќер
500 мл масло
2 главици лук
500 мл оцет
200 гр. сол
еден магдонос
1 лажичка бибер во зрна

Подготовка:

Добро измијте ги пиперките и отстранете ги семките. После тоа, исечете ги на малку подебели ленти.

Потоа наредете ред пиперки, потоа наросете со сол и шеќер, па прелијте сè со оцет и масло. Потоа повторете го процесот додека не ги потрошите сите состојки. Оставете ги пиперките да отстојат неколку часа или преку ноќ.

Кога ќе омекнат, наредете ги во стерилизирани стаклени тегли, каде што меѓу нив ќе додадете магдонос, лук и зрна бибер. На крајот, прекријте ги сите пиперки со смесата што останала од пиперките и притиснете ги со пластична решетка.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор

Следно

Макрон: Ниту офанзивноста ниту анексијата нема да го спречат признавањето на Палестина

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се
Go toTop